Американскиот претседател Доналд Трамп во четвртокот објави дека ќе одреди високи царини на увоз на челик и алуминиум во САД, со опасност да предизвика трговска војна со своите главни партнери, од кои некои веднаш реагираа.

“Ќе ги објавам следната недела”, изјавил Трамп во Белата куќа за време на состанокот со американските производители на челик и алуминиум и додал дека овие даноци ќе се применуваат долго време, пишува Jutarnji.hr.

Претседателот на САД ја споменал царинската стапка од 25%  за челик и 10%  за алуминиум, но не прецизирал на кои земји тоа ќе се донесува.

Европската унија “ќе одговори остро и пропорционално во одбраната на своите интереси”, одговорил претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, додавајќи дека Комисијата во следните денови ќе го претстави предлогот на контра мерки против САД во согласност со правилата на Светската трговска организација (СТО) за да ја балансира ситуацијата.

Канадскиот министер за меѓународна трговија, Франсоа Филип Шампањ, предупредил на “неприфатливоста” на можните царински давачки наметнати од САД.

“Треба да ги обновите вашите индустрии”, им пренесол Трамп на индустријалците кои ги примил и им објаснил дека евтиниот увоз во САД ги уништува американските компании и работни места.

Најавата на Трамп доаѓа во време кога економскиот советник на кинескиот претседател Лиу е во посета Вашингтон. Тој треба да се состане со претставници на Белата куќа, но не и со претседателот, според американските извори.

До 11 април, Доналд Трамп треба да објави мерки за увоз на челик и до 19 април за алуминиум.

По објавувањето на Трамп, клучниот индекс на Вол Стрит Дау Џонс Индустриалс падна за 1,7 отсто, а влијателниот “Политико“ дознава дека Гери Кон, шеф на моќниот Национален економски совет во Белата куќа, би можел да поднесе оставка. Според “Политико”, Кон најпрво се појави со идејата да се обиде да го спречи Трамп да го наруши глобалниот трговски поредок со такви ненадејни и далекусежни потези.

Извор:Faktor

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here