Во неделата, врз основа на потерница на Интерпол од турската полиција, чешката полиција го уапси истакнатиот лидер на сириските Курди, поранешен копретседател на “Партијата на демократскара унија” (ПЈД) Салих Муслим.

Турскиот премиер Бинали Јилдирим утрово, во пресрет на дискусијата за екстрадицијата на Муслим во Турција, изјави дека “денес е тест за Чешка како турски сојузник во НАТО пактот и дека се надева дека Чесите ќе ја покажат потребната солидарност во борбата против тероризмот”.

Но, Градскиот суд во Прага одлучи да го ослободи поранешниот копретседател на курдската “Партија на демократската унија” Салих Муслим.

“Судот не ги утврди причините зошто Салих Муслим треба да биде уапсен и тој беше ослободен”, изјавил Мирослав Крутин, чешки адвокат на високот функционер на политичкото крило на ЈПГ во Сирија.

Според турскиот заменик-премиер Бекир Боздаг, одлуката на судот во Прага е кршење на меѓународното право.

“Одлуката е спротивна на меѓународното право. Тоа ќе влијае на односите на Турција со Чешка, која обезбеди отворена поддршка за тероризмот. Таквите одлуки се политички и немаат никаква врска со законот “, рекол Бекир Боздаг, политичар од Партијата за правда и развој, теолог и заменик-премиер, исто така од курдско потекло.

Боздаг истакна дека Чешка преку својата одлука докажа дека “ги поддржува терористите кои дејствуваат против Турција”.

salih

ФОТО: Влегување на Салих Муслим од единицата за притвор на сослушувањето во Градскиот суд во Прага

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here