Србија: Уапсен камионџија кај кого биле пронајдени 330 килограми марихуана (ВИДЕО)

by Administrator

Нишката полиција го уапсила камионџијата А.И. (30) од Прешево, во чиj камион пронашла повеќе од 330 килограми марихуана, соопшти МВР.

Како што се наведува, осомничениот бил запрен во Ниш, а полицијата во приколката од неговиот камион пронашла 332 килограми марихуана.

На осомничениот му е одредена мерка притвор во траење од 48 часа, по што со кривична пријава ќе биде изведен во обвинителството во Ниш.

You may also like