Хаос во Бразил: Илјадници поддржувачи на Болсонаро упаднаа во државните институции

by Administrator

Поддржувачите на Жаир Болсонаро, поранешниот претседател на Бразил, денеска упаднаа во зградата на Конгресот, Врховниот суд и ја опколија претседателската палата во главниот град на оваа земја.

Ова дојде откако Луис Инасио да Силва беше инаугуриран за нов претседател на Бразил, додека приврзаниците на Бослонер не сакаат да го признаат поразот, сметајќи дека изборите се украдени.

Полицијата употреби солзавец за да ги растера демонстрантите, а се уште не се знае дали тие се уште се во зградата на Конгресот, јавува Би-Би-Си.

You may also like