Тојота повлекува 1,52 милиони автомобили

by Administrator

Јапонската компанија соопшти дека од американскиот пазар ќе повлече уште 1,52 милиони автомобили поради неисправноста на пумпата за гориво.

Тој проблем бил воочен во јануари кога беа повлечени 1,81 милиони автомобили на Toyota и Lexus произведени во 2017-та година.

Во соопштението на јапонската компанија е наведено дека пумпата која е вградувана во автомобилите може да престане да работи, поради што моторот може да се изгаси и повеќе не може да стартува.

Овластените дилери на сопствениците на сите повлечени автомобили ќе им вградат унапредени пумпи на гориво кои ќе го решат проблемот.

Kanal5

You may also like