Бегалскиот камп Рукбан, кој служи и како засолниште за терористите, под контрола е на САД во областа Ал-Танфа во Сирија. Овој џеб, кој американските трупи го претворија во воена база и концентрационен логор за цивили, илегално беше подигнат во Сирија во 2014 година. Оваа област, исто така, е место каде што остатоците од 4 милијарди американски долари американска поддршка за таканаречената “сириска опозиција” и за обука на силите кои требаа “да го поразат ИСИЛ во оваа област”.
Најновата снимка ги покажува катастрофални услови во кампот што го контролираат американските војници.
На 19 февруари, Русија отвори два коридора за ослободување на цивили од овој концентрационен логор, со гаранција дека на сите ќе им биде дадена прва помош и веднаш, ќе добијат храна, облека и лекови, а потоа ќе се вратат во поранешно место на живеење или во владини кампови за бегалци кои ја имаат целата потребна инфраструктура.
САД ја блокираат евакуацијата на сириските бегалци од Рукбан
Русија ја осудува блокадата на САД во врска со евакуацијата на сириските бегалци од логорот Рукбан, кој се наоѓа во област под контрола на американските војници.
Според изјавата на рускиот центар за помирување во Сирија, американските трупи во саботата ги спречиле конвоите да влезат во градот Ал-Танф, во југоисточната провинција Симска во Хомс, кои требаше да ги пренесат бегалците од Рукбан на територијата на државата.
“Американската страна одби да дозволи автобусите да влезат во областа Ал-Танф”, изјави генерал Сергеј Соломатин, шеф на гореспоменатиот центар поврзан со руското Министерство за одбрана.
Кампот во кој живеат околу 50.000 раселени лица се наоѓа во таканаречената “зона на де-ескалација”, кого американските трупи илегално и еднострано го прогласија во близина на Ал-Танфа, каде Вашингтон има воена база без дозвола од Дамаск.
Одбивањето на САД се случува и покрај фактот што сириските власти успешно ги завршиле сите активности за евакуација на бегалците од кампот Рукбан во нивните постојани места на живеење во предградието на Дамаск и слободните делови на провинциите Хомс, Ракка и Алепо.

ФОТО: Бегалски камп Ал-Рукбан
Руската армија и дипломати во повеќе наврати тврдеа дека американските трупи и вооружени групи присутни во таа област ја спречуваат сириската влада да организира безбеден коридор и да испорача хуманитарна помош за жителите на логорот Рукбан.
Покрај тоа, беше предупредувано дека меѓу бегалците во овој логор сместен на сириско-јорданската граница, се сокриле и припадници на разни терористички групи. Сириските власти ги обвинија американските сили за поддршка на терористите во областа само за да ја продолжат војната во арапската земја, а цивилите како заложници и живи штитови се држат во катастрофални услови.
На почетокот од февруари, припадниците на руската воена полиција успеаја да отпратат хуманитарен конвој на ОН од Дамаск до бегалскиот камп Рукбан.
Руската воена полиција ја обезбеди безбедноста на возилата на ОН на барање на Рана Зикут, советник на главниот координатор на организацијата за хуманитарни прашања. Воената полиција испрати конвој кон границата на зоната од 55 километри во Ал-Танф.
Хуманитарен конвој на Обединетите нации се состоеше од повеќе од 160 возила. Конвојот се состоеше од оклопни возила, тенкови, амбулантни возила и камиони.
Во тоа време повеќе од 1000 тони хуманитарна помош во лекови, предмети за широка употреба и храна беа доставени до Рукбан.
Порано беше објавено дека ситуацијата во бегалскиот камп Рукбан, од каде што сеуште не ги пуштаат изгладнетите луѓе, се менуваат од зло на полошо. Според директорот на Центарот за национална одбрана на Русија, Михаил Мицинцев, на луѓето им се ускратува медицинската помош и умираат заради хипотермија и катастрофални хигиенски услови.
Сепак, кампот на Рукбан е една од главните причини зошто американските војници го оправдуваат своето присуство во областа, што е стратешки важно поради фактот што Ал-Танф е на меѓународен пат што побрзо би го поврзал Дамаск со Багдад и понатаму кон Техеран.
ВИДЕО – Услови во кои живеат заложници на американските трупи во логорот Рукбан во близина на Ал-Танф.
Извор: Logicno
