33
На вчерашната прес-конференција на рускиот претседател Владимир Путин во јапонската Осака, кој се одржа по завршувањето на самитот на Г-20, на рускиот лидер одговори на новинарско прашање за полемиката која со него се обиде да ја поведе познатиот пејач од хомосексуална ориентација Елтон Џон, кој го критикуваше Путин за наводно кршење на правата на хомосексуалците во Русија.
Путин одговорил дека и руската влада и Русите се целосно индиферентни по прашањето за ЛГБТ заедницата. Сепак, некои западни критичари сепак наведува рускиот лидер, проблемот го гледаат во рускиот закон со кој се забранува пропагирање на хомосексуалноста меѓу малолетници и во ништо друго. Во оваа пригода Путин, додаде дека мора да им се овозможи на децата да израснат, и кога ќе созреат сами да одлучат кои се тие.
Во овој поглед, неприфатлива е агресивната агитација која се врши од страна на ЛГБТ заедницата спрема остатокот на мнозинството на популацијата од населението која не ја дели нивната сексуална ориентација, изјави рускиот претседател на новинарско прашање.
Путин при тоа, меѓу другото, мисли и јавното парадирање на припадниците на ЛГБТ заедницата низ улиците и плоштадите на руски градови, како оние на редовните, како во Западот, кои во Русија се забранети токму врз основа на наведениот закон.
Дали тоа е прекршување на правата на хомосексуалците или не пресудете сами.
