Потписот на Садам не се проверува: Украле милијарда долари, колку “запленија“ американските војници

by Administrator

Кога американските војници за првпат влегоа во Багдад за прв пат на почетокот април 2003 година, ограбувачите веќе ја растурале ирачката централна банка. Тие можело да се пронајдат поголем дел од националните резерви таму, ама не успеале да влезат во најголемите трезори и сефови, каде што повеќето од парите биле скриени. Сепак, една од најголемите кражби на банките во историјата веќе е направена претходно. Околу една милијарда долари во текот на ноќта извадени се од банкарски трезори.

Во раните утрински часови на 18 март, таа година во банката пристигнале три големи камиони. Еден човек покажал парче хартија со потпис и грабежот можеше да започне. Потребни биле неколку часа за пренос на 900 милиони долари и 100 милиони евра, сите уредно спакувани во метални кутии.

Човекот со хартија бил Кусај Хусеин, а на хартија јасен бил потписот на Садам Хусеин, таткото на Кусај и тогашниот ирачкиот диктатор. На хартијата пишувало дека е неопходно да се извлечат толку многу пари за да не паднат во рацете на странските окупатори.

“еднаш откако ќе добиете наредбата од Садам, не расправајте премногу”, изјавил еден од високите претставници подоцна за “Њујорк тајмс”.

Додека Американците дознаале дека една четвртина од паричните резерви исчезнале од Централната банка, тие со право се прашувале како тие пари ќе ги потроши Садам. Се плашеле дека ќе ги финансира герилските борби против Американците.
Меѓутоа, кога во палатата на другиот син на Садам, Удај Хусеин, биле пронајдени 650 милиони долари, тие верувале дека пронашле најголем дел од тие пари. Подоцна се покажало дека станува збор за приватна залиха на готовина на Удај.

Парите не исчезнале без трага, и наскоро биле откриени неколку стотици милиони долари во една од палатите на Садам.

Американците парите ги испратиле во Кувајт, каде што требало да се пребројат за да се утврди за колкава количина станува збор. Оттогаш, приказната добива малку непчекуван заплет. Официјалниот Вашингтон побара враќање на пари во Централната банка на Ирак, од каде што биле запленети, ама американските власти во Ирак одлучиле да ги запленат парите и поделат според сопствен договор. Се разбира, луѓето не се светци и парите на Садам почнаа да се појавуваат низ целиот свет.

Стотици илјади долари се појавија на сметките на мајор Ричард Фулер, кој беше задолжен за броење на американски долари во Фалуџа. Капетанот Мајкл Нјуен “изгуби” околу 700.000 долари, а властите се посомневале кога со готовина платил БМВ и Хамер после враќањето дома во Орегон. Вкупно, повеќе од 30 американски војници биле обвинети за слична кражба, и никој не знае уште колку пари украдени од Централната Банка завршиле во џебови.

Извор: Express.hr

You may also like