Пахор: „Словенија ќе направи се, да го деблокира процесот на евроинтеграција на Македонија“

by Administrator

Словенија ќе направи се за време на претседателствувањето со Европската Унија да го деблокира процесот на евроинтеграции на Македонија. ЕУ е должна да го исполни ова ветување и не само што ова е политичка туку е и длабоко етичка одлука, изјави на Преспа форумот, Словенечкиот претседател Борут Пахор чија земја е актуелен претседавач со Европската унија. Тој најави дека наредната недела заедно со премиерот и министерот за надворешни работи ќе заминат за Софија, во обид да ги ,,омекнат“ Бугарските позиции визави нашата земја за што побрзо да се деблокира процесот и да се одржат меѓувладините конференции ЕУ-Македонија и ЕУ-Р.Албанија, изјави Пахор.

„Европската Унија има капацитет за апсорпција на проширувањето со Западен Балкан и тоа треба да се случи што побрзо. Без ова проширување, Европа не би била целосно обединета. Побрзото проширување на ЕУ е нејзин витален интерес.Одложувањето на проширувањето е политички и морално грешно“ изјави актуелниот претседавач со Унијата.

Пахор на Преспа форумот заборуваше за тоа какви неповолни последици носи по себе забавувањето на проширувањето, дека тогаш се појавуваат нациоаналистички тенденции и се инволвираат трети земји во регионот. На Европа и се потребни САД и  во делот на интеграцијата на Западниот Балкан бидејќи без стабилен регион нема ни стабилна Европа, додаде Пахор, акцентирајќи ја уште еднаш важната геостратегиска положба на регионот.


„Nova“ Tv

You may also like