Каиро одлучи да го подигне рангот на делегацијата што се занимава со напорите за посредување меѓу Хамас и Израел, со надеж дека ќе постигне подобри и побрзи резултати во корист на Израел, со вршење поголем притисок врз движењето на палестинскиот отпор, објавија денеска израелските медиуми, пишува „MEMO“, пренесува „Dubai-Portal“.
Ова следеше по последната рунда индиректни разговори меѓу Хамас и Израел во Каиро. Египет се надева дека ќе се постигне напредок во преговорите пред планираната посета на израелскиот премиер, Нафтали Бенет, во Вашингтон, со цел да се добие корист од американскиот претседател, Џо Бајден.
Извештаите тврдат дека Египет врши притисок врз Хамас, да го намали бројот на затвореници што сака да ги ослободи во кој било договор, за замена на затворениците со окупација. Тоа, се надева Каиро, ќе ја подобри неговата позиција во САД и ќе го наведе Бенет да ги искаже своите пофалби во Вашингтон.
Египет се обидува да постигне барем рамковен договор за размена на затвореници со Хамас, како и аранжман координиран со Израел, за поддршка на претседателот на палестинските власти, Махмуд Абас, за да се спречи Хамас да се појави како важен играч во палестинската арена.
„MEMO“
„Dubai-Portal“
