Махмуд Абас пренесен во болница

by Administrator

Палестинскиот претседател Махмуд Абас бил примен во болница на западниот брег, потврдија палестинските официјални претставници, пренесува Ројтерс. Никакви други детали не се соопштени во врска за здравствената состојба на Абас. Ова е трет пат како е примен во болница за само неколку дена. Абас беше подложен на рутинска операција на ушите во вторникот, но за кратко беше ослободен од болницата. Но, во петокот беше повторно примен, а потоа и ослободен, објави агенцијата Вафа.

Извор:(Vijesti / ФЕНА)

You may also like

Leave a Comment