КАБУЛ: Убиени три странски работници меѓу нив еден од Македонија

by Administrator

Тројца странски работници пронајдени се мртви во една од поопасните населби во Кабул, откако денес претходно беа киднапирани, соопшти портпаролот на шефот на полицијата на Кабул, Хашмат Станкезија, пренесува Бета.
Полицијата објави дека убиените работеле на аеродромот во Кабул и биле граѓани на Индија, Малезија и Македонија.
Не е познато кој стои зад киднапирањето и убиството, а ниедна екстремистичка група не ја презела одговорноста.
Станкезија изјавил дека телата биле пронајдени во нестабилната населба Мушахи и дека полицијата го испитувала ова киднапирање и убиство.

Извор:cdm

You may also like