И амбасадата на Парагвај наскоро се сели во Ерусалим

by Administrator

Владата на Парагвај соопшти дека претседателот Хорацио Картес следната недела во Ерусалим ќе отвори нова амбасада на ова земја во Израел, откако вакви чекори презедоа претходно  САД и Гватемала. Портпаролот на владата соопштил  дека претседателот ќе тргне на пат во саботата 19-ти мај.

Одлуката беше донесена помалку од два месеци пред Марио Абдо Бенитез да го замени Картис како шеф на државата по победата на изборите.

Новоизбраниот претседател изјавил дека не бил консултиран кога донел одлука за амбасадата, објави АП.

Извор:(Vijesti / SRNA)

You may also like

Leave a Comment