Излезеноста до 11:40 часот – 14,91%

by Administrator

Излезеноста до 11:40 часот на сите избирачки места изнесува 14.91%, соопштија од Државната изборна комисија.

Најголема излезност и натаму има во Изборната единица 1 каде гласале 17,37%, а како општина се издвојува Аеродром, каде гласале блиску 19%.

 

Најмала има во ИЕ 6, каде што до 11 часот излегле 8,92%. Во ИЕ2 гласале 13,76%, во ИЕ3 на гласање излегле 17,09%, во ИЕ4 18,16, додека во ИЕ 5 има 14,69%.

 

ДИК соопшти дека до нив немало пријавено инциденти во текот на изборниот процес.

„На сите места гласањето се одвива непречено, не се пријавени инциденти, се надевам дека ваќа ќе продолжи до крајот на денот. “, рече претседателот на ДИК, Оливер Деркоски.

 

You may also like