Западните санкции не го стопираат препородот на Сирија. Преку 16.000 компании продолжуваат со производство во Алепо

by Administrator

Повеќе од 16,000 производствени капацитети се обновени и продолжуваат да работат во сирискиот град Алепо и неговите периферии, изјави пред новинарите гувернерот на Алепо, Хусеин Ахмад Диаб.
Пред избувнувањето на конфликтот во Сирија, областа имаше околу 34.000 фабрики и компании.

 

„За жал, за време на војната, сите овие структури беа бомбардирани и ограбени од терористи. Напорите за реконструкција започнаа по ослободувањето на Алепо. Сега започнаа со работа над 16,000 производствени компании “, објасни гувернерот на Алепо, Хусеин Ахмад Диаб.

За време на војната, Алепо беше сцена на жестоки борби меѓу провладините трупи и вооружени групации поддржани од Запад, монархиите на Заливот и од Турција. Најнаселениот град во Сирија беше целосно ослободен во 2016 година.

Познатата градска Цитадела и историскиот центар на градот беа главните цели на терористите кои сакаа да го уништат ова огромно културно наследство.

„Цитаделата се спротивстави на сето ова зло. Милитантите ископале тунели за да го разнесат стариот град, но нивните планови не успеаја. Во моментов е формиран комитет на историчари, специјалисти за реставрација и филантропи за обнова на местата за културно наследство “, заклучи Диаб.

Извор:Logicno

You may also like