Ердоган оствари телефонски разговор со Абас

by Administrator

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган оствари телефонски разговор со палестинскиот претседател Махмуд Абас.

Според извори од кабинетот на претседателот, главна тема на разговорот беа немирите кои избувнаа по пренесувањето на амбасадата на САД од Тел Авив во Ерусалим, во кои израелските војници по должината на границата со Газа убија 59, а повредија 2 500 Палестинци.

Претседателот Ердоган на разговорот ја осуди одлуката на САД за пренесување на амбасадата од Тел Авив во Ерусалим која предизвика пораст на насилствата во регионот како и израелските напади врз Палестинците, изразувајќи милост од Аллах на загинатите, додека за повредените посака што побрзо да оздрават.

Двајцата лидери разменија мислења за сето она што може да се направи наспроти драматичните случувања во Палестина и потенцираа дека светот не треба да биде индиферентен наспроти овој зулум.

Извор:ТРТ

You may also like

Leave a Comment