Ердоган им се заблагодари на сите земји кои испратија помош за Турција

by Administrator

Како нација, се соочуваме со една од најголемите катастрофи во нашата историја, изјави во петокот претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган, по смртоносните земјотреси што во понеделникот го погодија јужниот дел на земјата, јавува Анадолија.

Денес, Ердоган изврши увид во напорите за пребарување и спасување во провинцијата Адијаман, каде што се сретна со жртвите од земјотресот.

Тој рече дека сериозно уништување е забележано во десет провинции.

Ердоган објави дека бројот на загинати во земјотресите на југот на земјата е зголемен на 18.991, а повредени се 75.523 лица.

Земјотресите со јачина од 7,7 и 7,6 степени погодија повеќе од 13 милиони луѓе во десет провинции, вклучувајќи ги Адана, Адијаман, Дијарбакир, Газиантеп, Хатај, Килис, Малатија, Османије и Шанлиурфа.

Ердоган вети дека ќе го обнови јужниот дел на земјата погоден од земјотресот, како дел од едногодишниот план.

– Ќе обезбедиме нашите граѓани кои не сакаат да живеат во шатори да можат да се вселат во становите и ќе им плаќаме кирија за една година, рече тој.

Според него, повеќе од 76 илјади луѓе се евакуирани од подрачјата погодени од земјотресот во други градови низ Турција.

Претседателот на Турција ги повика граѓаните во овој момент да не ги препознаваат оние кои го злоупотребуваат единството и солидарноста.

Ердоган им се заблагодари на сите земји кои испратија и понудија помош на Турција по разорните земјотреси.

Претседателот Ердоган подоцна ќе ја посети Малатија каде ќе се сретне со жртвите од земјотресот.

You may also like