Едно и полгодишно бебе и неговиот седумгодишен брат беа спасени од урнатините на зграда во Хатај, 105 часа по разорните земјотреси што во понеделникот ја погодија јужна Турција.
Спасувачките екипи денеска слушнале гласови под урнатините на зградата.

Спасувачите веднаш ја засилиле акцијата и по огромни напори од под урнатините го спасиле едноиполгодишниот Јусуф, а потоа и неговиот седумгодишен брат Мухамед.

Малиот Мухамед за време на спасувачката акција од спасувачите барал храна и сок.

Кучето Венус и неговиот сопственик се спасени од урнатините на шесткатница во Хатај, благодарение на тоа што кучето започнало да лае кога ги слушнало повиците од спасувачите.

Спасувачките тимови на здравствените работници им предале жена извлечена од урнатините 103 часа по земјотресот во јужна Турција, а и кучето добило помош.
Извор:vijesti
