Ердоган во Турција ја укина Убер апликацијата

by Administrator

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган објави дека платформата за резервација на автомобили со возачот “Убер” се укинува во Турција по силниот притисок од Истанбулските таксисти ова аплиакција да се забрани.

Ова нешто што се појави и се вика Убер, Мубер, или како било, сега е готова – изјавил Ердоан во петокот вечерта во говорот во Истанбул.

“Нашиот премиер (Бинали Јилдирим) веќе го најави тоа. Имаме сопствен систем за такси превоз”, пренесува Index.hr.

Неговата одлука дојде кратко време откако владата усвои нови регулативи кои сериозно ја попречуваат работата на Убер во Турција.

Според новата регулатива, се воведуваат многу повисоки казни за незаконско обезбедување на такси услуги.

You may also like

Leave a Comment