Евакуирано средното уметничко училиште во Скопје, поради дојава за бомба

by Administrator

Учениците и наставниците од скопското средно уметничко училиште „Лазар Личеновски“ утринава беа евакуирани по дојава за бомба на паркинг во близина на училиштето, обајви државната агеција МИА.

Од МВР потврдија дека утринава во 8.36 часот имале пријава за направа што наликува на рачна бомба на паркинг на улицата Теодосиј Гологанов, поради што биле евакуирани сите присутни во училиштето.

Од полицијата велат дека утврдуваат дали се работи за вистинска или за школска бомба.


Dubai-Portal / MIA

You may also like