Вчера казнети над 300 пешаци, 217 за преминување улица надвор од пешачки премин

by Administrator

За време на контролата се регистрирани и 133 други прекршоци, соопштува МВР

Сообраќајната полиција вчера во периодот од 9 до 14 часот казнила вкупно 310 пешаци на територија на цела држава. Од нив, 217 пешаци се казнети за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин, 77 за минување на црвено светло.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, од вкупниот број на казнети пешаци, 141 се на територија на СВР Скопје, 36 на територија на СВР Охрид, по 34 на територија на СВР Тетово и на територија на СВР Битола.

За време на контролата се регистрирани и 133 други прекршоци, соопштува МВР.

360 Stepeni

You may also like