Во бродолом во близина на Тунис загинале најмалку 46 мигранти

by Administrator

Министерството за одбрана на Тунис соопшти дека дене најмалку 46 имигранти го загубиле својот живот во Средоземното Море. Бродот со околу 180 натоварени африкански имигранти потона денеска недалеку од крајбрежјето на Тунис, и првично беше кажано дека животот го загубиле најмалку 35 лица, а дека се спасени 68 повредени мигранти.

Портпаролот на Министерството за одбрана на Тунис, Рашид Бухула, изјави дека спасувачките екипи сѐ уште го бараат местото на несреќата и дека биле пронајдени најмалку 11 жртви.

Повеќето од жртвите се Тунижани, а операцијата за спасување во близина на островот Керкенна продолжува.

Со оглед на тоа што либиските безбедносни сили ја зајакнаа контролата во нивниот акваториум, Тунис стана главен пат на африканските мигранти во текот на изминатите неколку недели, во обид да се стекне со теренот на Европа.

Извор:(Vijesti)

You may also like

Leave a Comment