Јужна Европа гори: Илјадници евакуирани пред огнените стихии

by Administrator

Пожарите, поттикнати од топлотниот бран и силни ветрови, се шират низ јужна Европа и принудуваат многу луѓе да ги напуштат своите домови. Нови пожари избувнаа во Франција, Шпанија, Грцијаи во Турција, а илјадници луѓе беа дополнително евакуирани. Сепак, во Франција и во Шпанија, онаму каде што пожарите беа ставени под контрола, евакуираните жители можеа да се вратат во своите домови.

Франција

Шумски пожари повторно избувнаа во неколку региони на Франција. Француските медиуми синоќа известија за околу 40 активни пожари. Меѓу погодените области е и областа околу градот Брињол во јужниот француски департман Вар. Таму беа евакуирани меѓу 600 и 700 луѓе.

Нов пожар е пријавен и во шумата Фонтенбло, јужно од Париз.

Поголем пожар избувна во градот Кушеј во Бургундија, во близина на големиот град Дижон. Поради чадот што е опасен по здравјето, населението се повикува што е можно помалку да остане на отворено и да ги држи вратите и прозорците затворени. Утрово, властите објавија дека веќе изгореле 125 хектари земја.

На атлантскиот брег во близината на Бордо, каде се досега најразорните пожари оваа сезона во Франција зафатија површина од 42.000 хектари, пожарникарите соголеми напори успеаја да спречат повторно ширење на пожарот. Префектурата изрази надеж дека наскоро ќе биде можно да се „разгледа враќање во нормалниот живот за жителите и бизнисите кои мора да продолжат да работат“. 224.000 луѓе беа евакуирани во тој регион.

Шпанија

Во Шпанија, голем пожар сега избувна во национален парк на границата со Португалија. Поради значителниот ризик за населението, дванаесет населби во близина на општината Фермосел, во рамки на Националниот парк Арибес дел Дуеро, беа евакуирани, објави регионалната влада на Кастиља и Леон.

Грција

Во Грција во моментов беснеат неколку шумски пожари, од кои најжестоките се на југот од островот Крит. За време на гаснењето, загинаа двајца пожарникари, кои во своето возило загубиле ориентација во густиот чад. Ветерот дувал толку силно што хеликоптерите и противпожарните авиони морале да ги прекинат операциите и да слетаат.

dw.de

You may also like