„Tour of Turkiye“: Австралиецот Кејлеб Јуан победи во шестата етапа на 57. Претседателска велосипедска трка

by Administrator

ЧАНАКАЛЕ (АА) – Во рамките на 57. Претседателска велосипедска трка низ Турција (Tour of Turkiye), денеска се одржа шестата етапа, во која победи Австралиецот Кејлеб Јуан од белгискиот тим на Лото Судал, јавува Агенција Анадолија (АА).

Велосипедистите во шестиот ден од „Tour of Turkiye“ ја возеа етапата од Едремит до Еџеабат. Во шестата етапа, трката беше долга 204,6 километри.

Дваест и седумгодишниот велосипедист Кејлеб Јуан, наведувајќи дека оваа етапа која заврши кај Гробиштата на шехидите од 57. Пешадиски полк, за него како Австралиец била многу важна, додаде:

„Денешниот етапен победник требаше да биде Австралиец поради неговото значење. Историски, ова е многу важно за нас. Го знаев тешкиот дел пред последниот спринт. Ова е многу значајна победа за мене.“

Објаснувајќи дека за Галиполи учел на часовите по историја во училиштето, Јуан рече: „Галиполи за нас е многу важен. На турнејата пред три години дознав дека Галиполи е тука. Со тоа повеќе ми стана јасна важноста на оваа трка.“

Споредувајќи ја денешната етапа со етапата Бодрум – Кушадаси на која победи првиот ден, Јуан рече: „Имаа различен завршеток. На првата етапа победив со многу брз спринт. Денеска етапата имаше малку поинаков профил. Крајот беше многу тежок. Од двата завршетоци јас би го претпочитал денешниот од овие два стила. Мислам дека завршетокот од овој вид повеќе ми одговара. И утрешниот завршеток ќе биде многу тежок.“

 


Anadolu Agency

You may also like