За првпат во историјата на фудбалот покажан е зелен картон на натпревар на CONIFA Светското првенство во Лондон.
На натпреварот кој е одигран на турнирот кој се оддржа во текот на минатиот викенд, главниот арбитар-судија покажал дури два зелени картони.
Натпреварувањето на кое учествуваат селекции кои не се членки на ФИФА го обележа овој историски настан за фудбалот.
Имено, играч кој ќе добие зелен картон мора да го напушти теренот, а неговата екипа го задржува правото во игра да уфрли друг играч.
Фудбалерот кој е исклучен, според правилата на CONIFA. може да биде заменет само доколку неговиот тим не ги искористил сите замени.
Играчот на кој му е покажан зелен картон има право на настап во следниот натпревар.
Извор: Faktor