Турската операција “Маслиново гранче“ влезе во третиот ден, а најновите информации велат дека турските вооружени сили влегле во новата сириска област – Азаз, која се наоѓа источно од Африн.
Информацијата ја потврди турската државна новинска агенција. Во исто време, од турската армија истакнуваат дека во текот на завчерашниот ден биле гаѓани вкупно 153 локации.
Нови детали доаѓаат од претседателот Ердоган – тој рече дека Турција нема да преземе чекори назад од операцијата која моментно ја води во северна Сирија. Покрај тоа, тој истакна дека Турција има договор со Русија за прашањето на оваа воена операција.
Потсетуваме, од почетокот на операцијата, се шпекулира дека Русија дала неформално одобрување за турскиот напад – денес Москва ги повикува сите страни да се “воздржат”, но не ги осуда турските операции, иако нивниот сојузник Дамаск вели дека ова представува агресија.
Извор:Advance