Рускиот претседател Владимир Путин упати сочувство до народот на Бразил по повод смртта на фудбалската легенда Пеле, „извонреден човек и славен син на бразилскиот народ“, се вели во соопштението на Кремљ.
„Благодарение на неговиот талент, неговите уникатни вештини, неговата фасцинантна убава игра, фудбалот стана омилена игра на милиони луѓе ширум светот, вклучително и Русија“, изјави Путин во телеграмата со сочувство до бразилскиот претседател во заминување Жаир Болсонаро.
„Имав задоволство лично да комуницирам со овој извонреден човек и секогаш ќе го паметам“, додаде Путин.
Пеле почина вчера во Сао Паоло на 82-годишна возраст.
(Vijesti.ba / Hina)