Во придружба на полициски службеници и судии, сопствениците на зградата во Панама, во која се наоѓал хотелот на американскиот претседател Доналд Трамп, во понеделникот ја презедоа контролата врз објектот, додека тимот на безбедносните службеници на организацијата на Трамп ја напуштил таа областа, а работниците веќе го отстранија името на Трамп од хотелската зграда.
Со ова акција од страна на панамската влада е решен спорот меѓу семејната компанија на Трамп која се занимава со хотелиерство и Orestes Fintiklis, приватен инвеститор кој до денес се обидувал од звојата зграда да ја исфрли компанијата на Трамп, пренесува АП.
“Денес овој спор е решен од страна на судиите и властите на оваа земја. Денес, Панама нé направи горди”, изјавил Fintiklis, објавува Танјуг.
Иако Fintiklis и други сопственици на овој објект од минатата година се обидувале да се справат со компаниите Трамп, организацијата Трамп одбивала физички да го напушти хотелот.
Fintiklis отценил дека станува збор за спор од комерцијалната природа кој излегол од контрола и ја поздрави интервенцијата на властите на оваа централно-американска држава.
Правната власт во Панама и организацијата Трамп досега не успеаја да одговорат на барањето за коментар, објави британската агенција.
Извор:(Vijesti)