Израелската армија соопшти дека оваа недела пронашла бројни премини ископани под израелско-либанската граница, кои би можеле да се користат за извршување напади во Израел. Израелската армија испратила булдожери, војници и опрема за блокирање на тунелите на своите граници за да ги затвори, објави Ројтерс.
Операцијата започна во вторник, а армијата објави дека нејзините активности, за сега ќе да бидат на израелската страна на границата.
Меѓутоа, во четвртокот, израелските медиуми ги цитираа зборовите на неименувани официјални лица дека Израел би можел да ги прошири своите активности во Либан, а во петокот министерот за разузнавање, Израел Кац, ги повторил овие ставови.
– Ако сакаме да ги блокираме овие тунели, треба да дејствуваме и на другата страна на границата – изјавил Кац за Радио Тел Авив.
Каква би била формата на оваа акција, останува нејасно. Во текот на изминатата година, пронајдени се најмалку 15 тунели од правецот на појасот Газа до Израел и уништени, тврди израелската армија.
Привремените сили на ОН во Либан (УНИФИЛ) го потврдија постоењето тунели во близина на “сината линија” на границата помеѓу двете земји во Четврток, нарекувајќи го тоа како “сериозна појава”.