Според извештајот на Европската комисија за напредокот на земјите кандидати за членство во ЕУ, Турција е во многу лоша позиција во своите напори за пристап во ЕУ. “Турција направи големи чекори во отстапувањето од ЕУ”, стои во извештајот во кој увид имал германски весник “Велт”.
Според извештајот, Турција презеде чекори назад во областите на судството, реформата во јавниот сектор, основните права и слободата на изразување.
Извештајот за Турција ќе биде претставен на 17 април во Стразбур, како дел од поширокиот пакет за проширување.
Пакетот дава преглед на состојбата на политичкиот и економскиот развој на Турција и на шест балкански држави кои сакаат да влезат во ЕУ.
Според извештајот, се истакнува дека сите земји-кандидатки треба да сторат повеќе за да ги усвојат основните вредности на ЕУ и да го искоренат организираниот криминал и корупцијата.
Извор:(Vijesti / SRNA)
ФОТО: Уделот на странци во секоја од европските земји, вклучувајќи ги барателите на азил до јуни 2016 година
ФОТО: Генерални трендови во имиграцискиот раст во европските земји Во изминатите 5 години