Доналд Трамп и неговата амбасадорка во ОН, Ники Хејли, поприлично се понадеваа дека неодамнешните антивладини протести во Иран ќе ја завршат работата што очигледно ја имаат во подготовка, а тоа е промена на режимот во Техеран. Но, воодушевувањето на иранските протести траеше кратко бидејќи завршија за кратко.
Се разбира, истите се појавија речиси како од никаде и во неколкуте дена на никого во иранската власт не им било сеедно. На крајот стотици беа уапсени, 20 лица беа убиени во конфликтите, а потоа протестите исчезнаа со скоро иста брзина како и со она која се појавија, што за многумина исто така им дојде како изненадување.
Имено, само два дена претходно, изгледаше дека иранските протести се претвораат во вооружен бунт – се случија неколку напади врз полицијата, па дури и на воени бази. Нема сомневање, а и тие неколку дена потврдија дека има одредени групи во Иран кои се подготвени да одат доволно далеку за да ја сменат не само оваа власт, туку и целиот систем кој е на сила во Иран после Исламската револуција што се случи во таа земја во 1979 година.
Од една страна, демонстрациите во Иран избувнаа заради економската ситуација, особено поради растот на цените на некои основни прехранбени производи и други намирниции како и заради постојаното непопуларно владино укинување на социјалните давања. Тука има и други детали – внатрешни и надворешни. Но, она што се случи во Иран може многу брзо да се случи во скоро секоја земја на Блискиот Исток – и токму тоа и се случува.
На почетокот на неделата немири и анти-владини демонстрации букнаа и во Тунис. Од понеделникот до денес, протестите се претворија во конфликт со безбедносните сили, а најновите вести покажуваат дека и војската била испратена на терен.
Судејќи по се, она што се случува во Тунис е многу слично со неодамнешните настани во Иран, ако не и повеќе. Дали ќе траат и подеднакво кратко? Можеби, но одредени фактори ќе влијаат на тоа, односно факторите кои се во Тунис сосема поинакви од оние во Иран.
Данокот во човековите права е секако значаен, но Иран е земја со доста цврста контрола на власта и апаратите за безбедност, а тоа вклучува и многу многу паравоени про-владини сили. За да доведат немирите во Иран смена на режимот, тие мора да бидат големи, многу големи.
Во нив треба да учествуваат, или да бидат поддржани од најмалку 50% од иранската популација.
“Новогодишните“ протести очигледно не беа од тој вид, згора на тоа, односно про-владините протести во Иран беа значително поголеми Таа им овозможи на безбедносните и разузнавачките сили брзо да приведат неколку стотина демонстранти, и со тоа оваа приказна е завршена односно задушена.
Притоа, Трамп и Хејли по малку се осрамотија, па дури повлекувајќи го и Советот за безбедност на ОН во иранската внатрешна криза, a со тоа покажаа до која мера сакаат да го сменат иранскиот систем, ама истовремено потценувајќи ја и издржливоста и силата на тој систем. Се разбира, “клучот на успехот” во ваквите протести често е психолошки фактор што произлегува од фактот дека најголемата сила на светот е на ваша страна. Во случајот со Иран тоа не беше доволно, и можеби иранските анти-владини елементи едноставно не се грижеа премногу за желбите на Трамп.
Тунис сепак е друга приказна. Тунис е “лулка” на така наречената “Арапската пролет”, бран на промени и протести што го зафати речиси целиот арапски свет.
Наводно сето тоа започна кон крајот на 2010 година кога еден очаен тунежанец уличен продавач се запали, а потоа букнаа и антивладини демонстрации против долгогодишниот претседател/деспот Бен Али. Ама, ако сакаме да бидеме прецизни, протестите што се однесуваат на Северна Африка и на Блискиот Исток не започнаа во Тунис, туку неколку дена претходно во Западна Сахара (9 октомври 2010 година). Сепак, приказната за Тунис, каде протестите избувнаа на 18 декември 2010 година, често се смета за прв вистински почеток на Арапската пролет. Тогаш тргна и слоганот кој ќе одекнува од Азија до Атлантикот: “Луѓето сакаат режимот да падне!”
Демонстрациите во Тунис завршија со падот на претседателот Али. Наскоро, истото се случи и во Египет, каде што премиерот Хосни Мубарак беше соборен. Војната избувна во Либија, а подоцна и во Сирија.
Војната во Либија е завршена, војната во Сирија доаѓа до крај. Дали тоа значи дека кругот се затвори и сега се започнува да се движи од нула?
Немирите во Тунис во 2010 година избувнаа, според една верзија на оваа голема приказна, заради корупцијата, диктатурата, репресијата и недостатокот на човекови права и демократија. Втората верзија сугерира дека причините биле стриктно економски, додека третиот се сведувал на идеолошки причини (подемот на исламистите).
Кои се причините денес? Веројатно оние кои беа клучни и во 2010 – економски. Имено, властите ги зголемија даноците кои веднаш се одразуваат на цената на основните намирници. Веднаш по појавата на протестите, сега дури армијата е на улиците.
Зошто тогаш властите го прават тоа, знаејќи дека буквално пред неколку дена се случило она што се случило во Иран? Бидејќи тоа не е до нив – новата, западно ориентирана туниска власт треба да ги исполни барањата на меѓународните кредитори, а резови се бараат како би се намалил се поголемиот дефицит. Имено, ММФ на Тунис и даде заем од 2,9 милијарди долари во 2015 година, а оттогаш тие бараат дополнителни резови од властите, а резултатот е токму ова за што сведочиме – хаос.
Се разбира, постојат и други причини – големата сиромаштија и високата стапка на невработеност на младите луѓе (особено оние образовани од факултет). Сето ова силно ја погаѓа земјата која иронично ја нарекуваат “единствен успех” кој произлегол од Арапската пролет.
“Околу 330 лица кои учествувале во саботажа и грабеж биле уапсени минатата ноќ”, изјавил денес Келифа Чибани, портпарол на Министерството за внатрешни работи. Тоа значи дека досега се уапсени околу 600 лица.
Армијата беше испратена во неколку градови, вклучувајќи ди Сусе, Кебели и Бизерт. Целта е да се одбранат владините згради кои станаа цел на демонстрантите. Меѓутоа, се случуваат и разни други напади – на пример, бомба била фрлена во вторникот во еврејско училиште во Џерба, каде што живее древна еврејска заедница.
Демонстрантите ја запалија зградата на регионална безбедност на границата со Алжир. Полицијата се повлече од таму, а после нив пристигна војската.
Фудбалската асоцијација на Тунис денес објави дека сите натпревари кои треба да се одржат овој викенд се одложуваат.
Што навистина се случува во Тунис? Она што сега случува е едно брутално отрезнување од лажните соништа што Арапската пролет им го нудеше пред седум години. Не само дека после падот на диктаторот и воведувањето на демократијата не завладеа просперитет, туку ситуацијата и дополнително се влоши, како и во сите други места, така и во Тунис – последната сламка на идеолошка пропаганда која сакала по секоја цена да има барем една “успешна приказна”, а сега повеќе го нема ниту тоа.
“Било подобро за времето на Бен Али!”, ваквите повици сега се повеќе се слушаат на улиците на Тунис, пренесува prenosi DW. Ништо чудно и ништо ново. Ова е една иста приказна што се повторува, во некои земји порано, во некои подоцна, ама редовно доаѓа.
Дали тоа значи дека народ на Тунис требало да биде “попаметен” и едноставно да ги оставеше Бен Али на власт и да биде среќен со владејачката олигархија? Се разбира, не, и се побунија со право во зимата во 2010 година, ама бунтот не го приведоа при крај. Тие дозволија во нивниот турбулентен период да им се наметне од квази-демократија контролирана од страна на ММФ и други центри за експлоатација на моќ. Истата грешка беше направена и од други народи кои се покажаа добри во спроведувањето на активностите за сменување на режим, ама не и во автономната изградба на нови системи.
Но, она што Тунис го доби по немирите што избувнаа кон крајот на 2010 година, очигледно не е крај. Сега, приказната продолжува и може да дојде до уште една промена. На подобро? Тешко е да се каже – можеби, ама може да биде и на полошо ако контролите и динамиката ги преземат екстремистичките групи, што многу лесно може да се случи во Тунис.
Западниот свет, кој е толку многу се понадева на хаос во Иран, сега пак со голем страв ќе гледа на настаните во Тунис, кои би можеле да бидат првата голема криза во 2018, Тунис, а не Иран.