По повод одбележувањето на 15-годишнината од смртта на поранешниот претседател на БиХ, Алија Изетбеговиќ, ви го прикажуваме краткиот видео запис, представен од страна на Турската Радио Телевизија, а се однесува на музејот кој го носи името на Алија Изетбеговиќ, а каде се представени, фотографии, облека и други предмети од неговиот живот, преку кои посетителите накратко се запознаваат со Изетбеговиќ.
Tag:
Алија Изетбеговиќ
Претседателот на Република Турција, Реџеп Тајип Ердоган, ги посети гробиштата Ковачи во Сараево и положи цвеќе на гробот на првиот претседател на Претседателството на независната Република Босна и Херцеговина, Алија Изетбеговиќ, јави агенцијата Анадолу (АА).
[embedyt] https://www.youtube.com/watch?v=ZCzLu93mF-4[/embedyt]![]()
Ердоган ги посети Ковачи со претседателот на Претседателството на БиХ, Бакир Изетбеговиќ, претседателот на Советот на министри на БиХ, Денис Звовидиќ, градоначалникот на Сараево Абдула Скак и турската делегација.
Турскиот претседател денеска ќе говори на Шестиот конгрес на Сојузот на европско-турските демократи (УЕТД) кој ќе се одржи во Салата во Сараево “Хуан Антонио Самаранч-Зетра”.![]()
![]()
![]()