Турција се подготвува да стане водечка земја во светот по произодството на ф`стаци.
САД, Иран и Турција се три земји кои обезбедуваат 85 отсто од потребите на светот од ф`стаци.
Турција по САД и Иран се наоѓа на трето место по производството на ф`стаци во светот.
Реколтата на фистаци во Турција во 2018 година во споредба со минатата (2017) година со раст од 208 отсто достигна до околу 240 илјади тони.
Ф`стаците се од омилените производи на земјоделците особено во подрачјата на градовите Шанлиурфа, Газиантеп и Сиирт во југоисточно Анадолската област каде што има плодни земјоделски површини.
Површината на производството на фистаци во Турција која што во 2000-дитите години изнесуваше 2 милиони декари во последните 18 години е зголемена за повеќе од 500 отсто и достигна до 3,2 милиони декари.
Ф`стаците се производ кој што успева на ретки места во Медитеранскиот басен, додека приближно 50 отсто од производството во Турција се обезбедува од подрачјето на градот Шанлиурфа, во југоисточниот дел на земјата.