Околу 22.000 Швеѓани добиле повик за денешната голема воена вежба од страна на Државната гарда.
Во воторникот навечер, околу 22.000 швеѓани повикани биле на мобилизирација во првата ненадејна вежба во изминатите 43 години. “Идејата за оваа вежба е да ја зајакне одбраната на земјата во овој моментот”, изјавил шведскиот воен командант Микаел Бајден за националната телевизија СТВ.
“Тоа е дел од мојата должност да се осигураме и ги зајакнуваме нашите оперативни способности”, додал тој.
Сите 40 единици на Државната гарда се мобилизирани за вежба. Вежбата не е задолжителна, така да се очекува дека ќе се појават околу 10.000 регрутирани Швеѓани.
Шведската државна гарда последен пат беше повикана на вежба во 1975 година за време на Студената војна.
Во случај на инвазија на теренот, Државната гарда ќе биде задолжена за зачувување на основните функции на шведската држава, заштита на владини институции, аеродроми и пристаништа, така што професионалната армија ќе може слободно да спроведува воени маневри.
“Ова е многу важна вежба”, изјавил Бејден, и продолжи:
“Оваа организација е половина од нашата воена организација, има важни должности низ целата земја што мора да бидат способни да ја спроведат на краток рок – како врховен командант, се разбира, мора да имам потврда дека сè функционира”, заклучи Бејден.
Извор:РСА