Џамија во изградба во германскиот град Дуизбург беше цел на вандалски напад. Непознатите напаѓачи на зидовите на џамијата испишале графитите со навредливи содржини каде ја исцртале и “ѕвездата на Давид”.
Станува збор за џамијата “Мевлана” која во Дузибург ја гради Здружението Мили Горус (ИГМГ).
Хулуси Јуксел, претставник на здружението за АА, изјавил дека нападот бил пријавен во полицијата и дека истрагата е во тек.
“Џамијата е во изградба околу една и пол година. Не знаеме кои се напаѓачи, бидејќи во овој крај нема видлив антагонизам спрема исламот ниту кон Турција”, изјавил Јуксел.

Извор:РСА