Дефект на опремата за ладење во Естонија предизвика пропаѓање на повеќе од 68.000 дози вакцини АстраЗенека откако температурата во нив се искачила на 15 Целзиусови степени. Алармниот систем на уредите за ладење не пријавил дефект што траел повеќе од 12 часа и бил откриен дури откако вработените забележале дека температурата отстапува од пропишаната, бидејќи вакцината на АстраЗенека мора да се чува на 2-8 степени Целзиусови, пренесува Ројтерс.
Покрај овие, уништени се најмалку 32.000 дози други вакцини, сите донирани надвор од Естонија, така што програмата за имунизација на земјата нема да биде загрозена, пренесоа државните медиуми, додека украинскиот премиер Денис Шмигаj на 17 јуни објави дека Естонија ќе донира 200.000 вакцини против Ковид-19 на неговата земја. Од денес, Естонија вакцинираше 50,4 проценти од возрасната популација со најмалку една доза, што е под европскиот просек од 58,7 проценти.



