Mahir Demişoski
Издвоено
Џамијата со капацитет од 30.000 лица се планира да се изгради на простор од 57.000 квадратни метри
(Дубаи – Портал) – Претседателот на Казахстан, Нурсултан Назарбаев, го постави камен-темелникот на најголемата џамија во Централна Азија, која ќе биде изградена во главниот град, Астана, јавува Anadolu Agency (AA).
Претседателот Назарбаев во својот говор на церемонијата на поставување на камен-темелникот на џамијата со капацитет од 30.000 лица, која ќе се наоѓа до изложбениот простор EXPO 2017, рече дека џамијата нема да биде само место за богослужба, туку и важен симбол на градот, кој ќе биде посетуван од страна на туристите.
„Минатата недела отидов во Обединетите Арапски Емирати и ја посетив џамијата „Шејх Зајед“. И покрај тоа што во употреба е пуштена пред 3-4 години, џамијата годишно е посетена од 6 милиони туристи“, истакна Назарбаев.
Тој, нагласувајќи дека џамијата ќе биде финансирана од бизнисмени и доброволни лица, рече дека тоа ќе биде најголемата џамија во регионот.
Според проектот, џамијата ќе биде изградена на простор од 57.000 квадратни метри, а висината на минарињата е планирано да изнесува 130 метри.
Името на џамијата и кога ќе почне изградбата сè уште не е познато.
Најголемата џамија во Централна Азија, позната како „Хазрети Султан Џамија“, се наоѓа во Астана, пуштена е во 2012 година, и е изградена на 17.700 квадратни метри затворен простор.
Џамијата „Имам Серахси“, во Бишкек, главниот град на Киргистан, со капацитет од 30.000 лица, е изградена од страна на турската фондација „Дијанет“ на површина од 7.500 квадратни метри.
Џамијата „Туркбенбаши Рухи“, во Ашкабат, Туркменистан, отворена во 2004 година, зафаќа површина од 18.000 квадратни метри, а нејзиниот капацитет е 10.000 лица.
Mahir Demişoski
(Дубаи – Портал) – Денеска ја одбележуваме 104. годишнината од извојуваната поморска победа на Чанаккале (Дарданелите) (18-март)
Флотите на Велика Британија и Франција кои сакаа да го окупираат Истанбул и да ја исклучат од игра Османлиската империја која учествуваше во Првата светска војна, се обидоа да го поминат морскиот теснец Чанаккале (Дарданелите) по море. Овој напад резултираше со големата победа на Османлиската војска и нејзините поморски сили и заврши со претрпените тешки загуби и повлекување на флотите на Велика Британија и Франција.
Откако овие сили разбраа дека не ќе можат да го поминат морскиот теснец од море ги започнаа копнените битки. И покрај тоа што беа дадени големи загуби, со храброста и самопожртвуваноста што ја покажа турскиот народ, морскиот теснец Чанаккале Дарданелите не можеше да се премине од страна на окупаторските сили.
На 18 март 1915’та година се водеа најкрвавите поморски битки на морскиот теснец Чанаккале (Дарданелите).
Со јазик разбирлив и за пријателите и за непријателите, беше повторено дека “Чанаккале не може да се помине”.
На тој начин уште еднаш оваа година, на 104’тата годишнина, со радост ја славиме извојуваната поморска победа на Чанаккале.
Mahir Demişoski
(Дубаи – Портал) – Министерот за толеранција, Шеик Нахјан бин Мубарак Ал Нахјан, изјави дека Денот на децата на Емиратите го прослави заложувањето на ОАЕ за поддршка на децата како и развивањето на нивните вештини и таленти.
Во говорот по повод одбележувањето на годишната прослава која се оджа на 15-ти март, Шеик Нахјан и се заблагодари на “Мајката на Обединетите Арапски Емирати”, г-ѓа Шеиха Фатима бинт Мубарак, поради нејзината визија и директиви и нејзините тековни напори за поддршка на децата.
Шеиха Фатима бинт Мубарак е претседател на Генералниот сојуз на жени, претседател на Врховниот совет за мајчинство и детство и Врховен претседател на Фондацијата за развој на семејството.
Додека го прославуваме Денот на децата на Емиратите, горди сме на мудрата визија на мајката на Обединетите Арапски Емирати за надминување на пречките за вистинското одгледување на децата на правилен начин, како и за поддршка на нивните мајки и семејства.” надополни тој.
“Ние, во Обединетите Арапски Емирати, се движиме напред со посветеност и истрајност по стапките на основачот, починатиот шеик Зајед бин Султан Ал Нахјан, со цел да постигнеме целосен општествен развој и да ги одгледаме нашите деца на правилен начин. Шеик Зајед кажуваше дека сите ние имаме национална одговорност да ги воспитаме нашите деца на слободно размислување и на паметен начин, да ги задоволат барањата на модерната ера”, рече тој.
Шеика Хинд бинт Мактум бин Јума Ал Мактум, сопруга на заменик-претседателот, премиер и владетел на Дубаи, Неговото Височество Шеик Мохамед бин Рашид Ал Мактум, го истакна водечкото регионално и меѓународно искуство на ОАЕ за поддршка и заштита на правата на децата и младина.
Таа додаде дека земјата обезбедува пристоен живот за децата и ги подигнува и воспитува идните генерации кои ќе имаат корист од нивната заедница и земја, поради тоа што веруваат дека децата се најдобрата инвестиција за посветла иднина.
Во говорот за “Денот на децата на Емиратите” Шеиха Хинд ја изрази својата гордост во достигнувањата на Обединетите Арапски Емирати, поради директивите на Претседателот Неговото Височество Шеик Калифа бин Зајед Ал Нахјан и Неговото Височество Шеик Мохамед бин Рашид и Неговото Височество Шеик Мохамед бин Зајед Ал Нахијан, Престолонаследникот на Абу Даби и заменик-врховен командант на вооружените сили на Обединетите Арапски Емирати, како и нивните високи претставници, членови на Врховниот совет и Владетели на Емиратите.
Таа, исто така, ги пофали напорите на шефицата Шеиха Фатима бинт Мубарак, претседател на Генералниот женски сојуз, претседател на Врховниот совет за мајчинство и детство и Врховен претседател на Фондацијата за развој на семејството, за поддршка на мајчинството и детството низ целата земја, допринесувајќи и со изготвување на Националната стратегија за мајчинство и детство и Стратешки план за деца со попреченост 2017-2021, како и преку спроведување на програми кои имаат за цел да ги поддржат социјалните, образовните и здравствените услуги за децата. 100годишнината на ОАЕ (2071) ја нагласува желбата на земјата да ги подготви идните генерации кои се способни да ги преземат своите одговорности за развој, за да обезбедат среќна иднина и да ја направат ОАЕ најдобра земја во светот, заклучи Шеиха Хинд.
Претседателот на Сојузниот национален совет, Д-р Амал Абдулах Ал Кубаиси, рече дека Обетиендитет Арапски Емирати сакаат да им дадат приоритет на децата како национално богатство, бидејќи тие се камен-темелник на неговиот развој и иднина, притоа забележувајќи дека земјата ги надмина тешкотиите при подигање и воспитување на децата на правилен начин, преку низа закони, политики и стратегии.
Во говорот што ја одбележа годишнината на Денот на децата на Емиратите, д-р Ал Кубаиси исто така спомна дека Обединетите Арапски Емирати ги заштитуваат детските права, преку релевантно правни, законодавни и организациски рамки, како одраз на директивите на мудрото раководство за поддршка на идните генерации.
Таа, исто така, ги пофали директивите на мудрото раководство, предводени од претседателот Неговото височество Шеик Калифа бин Зајед Ал Нахјан, и потпретседателот, премиерот и владетелот на Дубаи, неговото височество Шеик Мохамед бин Рашид Ал Мактум и Неговото Височество Шеик Мохамед бин Зајед Ал Нахијан, Престолонаследникот на Абу Даби и заменик-врховен командант на вооружените сили на Обединетите Арапски Емирати, како и нивните високи членови на Врховниот совет и Владетели на Емиратите, за поддршка на децата и целата заедница.
Mahir Demişoski
Преку манифестот, терористот и се заканува со смрт на сите Турци, како и на Претседателот Ердоган
(Дубаи – Портал) Во дел од манифестот, Терористот Брентон Тарант има дел кој го нарекол На Турците. Во овој дел тој се заканува дека ќе ги убие сите Турци кои живеат на Европската страна, или било каде во Европа. Во текстот исто така стои дека единствено безбедно место за живеење на Турците би им било источната страна од Босфорот.
“Ќе дојдеме во Константинопол и ќе ги уништиме сите џамии и минариња во градот. Аја Софија ќе биде повторно ослободена од минарето, а Константинопол повторно ќе биде под власт на христијаните”, стои во дел од текстот.
Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган исто така е нападат во манифестот во кој терористот тврди дека тој би требало да биде убиен додека бил во посета на турската заедница во Европа, која терористот преку манифестот ја нарекол “негова етничка војска кој ја окупира Европа”, стои во текстот кој шири омраза.
Во текстот, терористот вели дека смртта на Ердоган ќе послужи за да се спречи клин “меѓу турските освојувачи кои моментно ги окупираат нашите земји и етничките европски народи истовремено ја слабеат Турција во во регионот, отстранувајќи го главниот непријател на Русија и дестабилизирање и расцепување на НАТО. ”
Mahir Demişoski
Собир во Мелбурн за поддршка на муслиманската заедница по нападот во Нов Зеланд
(Дубаи – Портал) Илјадници луѓе се собраа во Мелбурн, Австралија, за да изразат поддршка за муслиманската заедница по вчерашниот напад во две новозеландски џамии, при што загинаа 49 лица, а десетици се повредени.
Учесниците на собирот читаа молитви во спомен на жртвите, изразувајќи солидарност со стравот, кои ги опфати многумина по извршениот напад.
– Тоа што се случи во Крајстчрч беше тероризам. Убијците се терористи. Но во нашето општество нема место за предрасуди и расизам. Расизмот убива, исламофобијата убива. Како муслимани ние живееме со тоа секој ден – изјави еден од присутните во Државната библиотека на Викторија.
Неколку споменици во Мелбурн беа осветлени во црвена, бела и сина боја, како боите на новозеландското знаме.
Дваесет и осум годишниот австралиски државјанин Брентон Тарант е обвинет за нападот во двете џамии во Нов Зеланд. Тој објави манифест на повеќе од 70 страници, кој содржи антимуслиманска и антиимигрантска реторика.
Mahir Demişoski
(Дубаи – Портал) – За жителот од Росоман кому деновиве куќата му изгоре во пожар, Општината обезбеди ново живеалиште.
Како што информира денеска росоманската локална самоуправа, на росоманецот му е даден објект за сместување во непосредна близина на опожарениот дом, а овозможено му е и да биде згрижен.
Според Територијалната противпожарна единица Кавадарци, пожари континуирано се случуваат, најмногу како последица на несовесно палење на отпадот од лозјата. Оттаму повикаа на поголема внимателност и одговорност.
Портпаролот на Секторот за внатрешни работи, пак, Верољуб Додевски, информира дека деновиве настанал пожар и на помошен објект – казарница во двор на куќа во кавадаречко село. Пожарот во кој била предизвикана материјална штета, е локализиран од Противпожарната единица Кавадарци и извршен е увид на местото.
Mahir Demişoski
Муслиманите никогаш нема да ги наведнат главите и никогаш нема да се спуштат на ниво на тиранин”, рече Ердоган.
(Дубаи – Портал) – Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган порача дека муслиманите никогаш нема да ги наведнат главите и никогаш нема да се спуштат на ниво на тиранин, јавува Anadolu Agency (AA).
„Муслиманите никогаш нема да ги наведнат главите и никогаш нема да се спуштат на ниво на тиранин”, рече Ердоган во врска со терористичкиот напад во Нов Зеланд потсетувајќи дека терористот кој убил 49 муслимани во две џамии претхдно објавил манифест во кој на мета била и Турција и нејзиниот претседател.
Турскиот претседател го критикуваше и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
„Нетанјаху е тиранин, а Израел терористичка држава”, рече Ердоган и потсети дека Израел под окупација ја држи палестинската земја.
Mahir Demişoski
ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО од целиот терористички напад во двете џамии во Нов Зеланд
(Дубаи – Портал) Во Сирија секој ден се извршуваат терористички напади и преку слики и кратки видео инсерти можеме да видеме како терористите од израел убиваат невини цивили, деца, жени, мажи… но денешниот терористички напад е снимен целосно. Наиме терористот од самиот почеток на терористичкиот напад па се до крајот, пренесувал во живо на Фејсбук.
Не-разјаснето останува прашањето, како Фејсбук дозволува вакво немили настани да се пренесуваат во живо?
Да не должеме многу, Аллах да го казни и на овој и на другиот свет, на секој еден што извршува вакви не-дела.
[embedyt] https://www.youtube.com/watch?v=ffvOw-wj5so[/embedyt]
Mahir Demişoski
Анкара: Претседателот Ердоган денес ја отвори најголемата болница во Европа
(Дубаи – Портал) Со почнувањето со целосен капацитет на здравствениот кампус, дневно се очекува да бидат примени околу 30 илјади пациенти
По свеченото отворање од страна на претседателот Реџеп Тајип Ердоган, Анкара се стекна со најголемата Градска болница во Европа.
Градската болница во Анкара е 9-та по ред градска болница по оние што беа отворени во Јозгат, Мерсин, Испарта, Адана, Кајсери, Елазиг, Ескишехир и Маниса.
Според претпоставките, со почнувањето со целосен капацитет на здравствениот кампус, дневно се очекува да бидат примени околу 30 илјади пациенти.
Во болницата чиј вкупен капацитет на легла изнесува 3 633 се планира да се извршат најспецифични операции во Турција. Болницата има високи стандарди на хигиена и 131 операциона сала согласно меѓународните стандарди.
Министерот за здравство Фахретин Коџа во говорот на свеченото отворање на Градската болница на Анкара во населбата Билкент рече дека се решителни градските болници да ги искачат на ниво на светско позната марка.
Mahir Demşoski