













Верниците од муслиманската вероисповед денеска го слават празникот Курбан Бајрам.
Со утринската молитва сабах-намаз, а потоа и со молитвата бајрам-намаз почнува тридневна прослава, во која почитта кон Алах муслиманите ја искажуваат со принесување жртва.
Курбан Бајрам е 70 дена по првиот Бајрам во годината, Фитр Бајрам, а го обележува денот кога е комплетиран Светиот куран.
Хуманизмот, хармоничните односи меѓу луѓето, меѓу човекот и светот и стремежот кон мир и благосостојба, како основни принципи на Исламот, на Бајрам се исполнуваат со посетување на роднините и пријателите и со честитки и добри желби за секој намерник.
Со овој празник се крунисува аџилакот, кој важи за петти темел на исламот, кој е доказ за солидарност и благосостојба.
Повеќе од два милиони Муслимани од целиот свет учествуваат на овогодишниот аџилак, на планината Арафат, во близина на Мека, во Саудиска Арабија, каде што според муслиманската религија пророкот Мухамед го одржал последното проповедање пред 14 век.
За аџиите Каба, коцкестата градба во средината на џамијата во Мека, е најсветиот дел храмот. Верниците кружат околу Каба за да го извршат обредот познат како Таваф и ќе останат таму се до мракот, молејќи се и рецитирајќи делови од Куранот, а потоа ќе се упатат кон рамницата Муздалифах, каде што ќе собираат камења за симболичкото каменување на сатаната во долината Мина. Потоа ќе го почнат искачувањето на гората Арафат, источно од Мека, што е кулминацијата на аџилакот.
Аџилакот е задолжителен за сите верници од муслиманска вероисповед барем еднаш во животот да го направат, доколку се финансиски спремни и имаат добро здравје.
Се очекува дека околу два милиони муслимани од целиот свет ќе учествуваат во аџилак во најсветото место на муслиманите и во блиските градови во текот на следната недела. Обредите започнуваат денес и ќе траат до петок.
Хаџот, еден од петте столбови на исламот, е задолжителен за сите верници барем еднаш во својот живот, доколку имаат доволно пари за патување, имаат добро здравје и се физички подготвени да го посетат родното место на пратеникот Мухамед.
Обврската на хаџот настапува веднаш штом верникот за прв пат во својот живот обезбедува вишок на материјални средства доволни за трошоците за аџилак, што значи и да не е задолжен, како и да има осигурен дом и неговото семејство да е снабдено додека е отсутен.
За време на хаџот хзиите вршат обиколка околу Каба за да го извршат обредот познат како “Таваф” пред да тргнат кон долината Мине и да почнат да се качуваат на планината Арафат, источно од Мека, која е врв на Хаџот.
Мажите се облечени во ихрами или нешиена бела облека, а жените носат вообичаена широка облека што ја носат во секојдневниот живот. Жените не треба да носат накит или пак да се шминкаат.
Околу 1,7 милиони верници веќе пристигнаа од сите четири страни на светот, според официјалните податоци објавени во четвртокот. Со цел да го олеснат нивното учество во настанот, верниците на нивните мобилни телефони имаат сè поголем број апликации на повеќе светски јазици.
Московските власти обезбедија уште три дополнителни простори соби за утринската молитва на муслиманските верници за Курбан Бајрам на 21-ви август.
Покрај четирите големи градски џамии, Бајрам-намаз ќе се клања и на дополнителни локации – Шумскиот парк Бутово на пресекот на улицата Академија Глушка и улицата Булевар Дмитриј Донској, потоа на фудбалскиот терен на Братејевск на каскадниот парк на реката Москва и во вториот павилјон на паркот Соколники.
Причината за овој потег е фактот тоа што четирите московски џамии и околината околу нив претесни се големиот број на муслимански верници, особено за Бајрам.
Најголемото исламско место за молитва во руската метропола – Московската соборна џамија – во деновите на бајрами прима околу 100.000 верници, Старата џамија во населбата Татар прима помеѓу 25 и 30 илјади верници, слично на капацитетот на џамијата во улицата Хачатурјанова, додека Соборната џамија во Паркот на победата добива речиси 40.000 верници.
На територијата на московскиот регион ќе има 39 месџиди и други места каде што ќе се клања бајрам-намаз, додека курбаните ќе пристигнат од 13 фарми и кланици на подрачјето рускиот главен град.
Видео од минатогодинешниот 2017 г. Курбан Бајрам во Москва
Стотици илјадници идни хаџии денес се собраа во дворот на светиот храм на Каба во Мека за да ја извршат последната џума намаз молитва, на муслиманите пред празникот Курбан-Бајрам, кога ќе ја извршат една од основните обврски Хаџот, јави агенцијата Анадолу (АА ).![]()
Повеќе од два милиони хаџии овие денови ги извршуваат обредите на Хаџ, меѓу кои главно се облекување на ихрам, престојот на Арефат и таваф (обиколка околу Каба). Хаџите ќе предстојуваат и на Мине и Музделифи, и ќе го извршат симболичкото каменување на шејтанот со седум каменчиња.
Хаџот е една од петте исламски должности, кои во текот на животот треба да ги исполни секој полнолетен маж и жена кои ќе стекнат услови за тоа.Денот на Арефат е во понеделник, 20 август. Деветтиот ден од последниот месец на хиџретскиот календар и е познат како Јевмул-Арефе (Дан на Арефа). Арефат е брегче, оддалечено на петнаесет километри од Мекка, а престојот на Арефата е обврска на секој хаџија, и сите на 9-ти зул хиџе, денс наспроти Курбан Бајама, се собираат на ова место.
![]()
Курбан или Хаџи-бајрам, за време на кој е неопходно да се заколе курбан и подели курбанско месо на сиромашните, пријателите и соседите, трае четири дена и оваа година започнува на 21-ви август.
Извор:faktor
Бројни муслимани од целиот свет доаѓаат во Мека, каде што во наредните денови ќе го извршат Хаџ, еден од петте исламски должности. Идните хаџии кои што веќе пристигнаа на светите места се обидуваат да поминат повеќе време во ибадет, и поминат време молитва, учење на Кур`ан односно молејќи се.
Така бројни верници утринава обавиле сабах-намаз во Меџиџул-харам, позната како Света џамија или Големата џамија, која го опкружува во исламот насјветото место Кабето..jpg)
Фотограф на Анадолија забележал фотографии од стотици илјади муслимани за време на утринската молитва во центарот на муслиманскиот свет, со оглед на тоа што муслиманите ширум светот во Кабето го користат како Кибле каде се свртуваат додека се пет пати дневно додека вршат молитва.
Повеќе од два милиони хаџии во наредните денови ќе ги извршат одредите на Хаџ, меѓу кои се и облекување на ихрам престојот во Арефат како и таваф (обиколка околу Каба). Хаџије, исто така, ќе предстојуваат и на Мине и Музделифа каде го извршат симболично каменување на шејтанот со седум каменчиња.
Хаџ е една од петте исламски должности, која во текот на животот треба да ја исполни секој маж и жена кои ќе стекнат услови за тоа..jpg)
Денот на Арефата е во понеделник, 20 август. Деветтиот ден од последниот месец на хиџретскит календар е познат како Јевмул-Арифе (Дан на Арефата). Арефат е мал брег на оддалеченост од Мекка на петнаесет километри, а престојот во Арефата е обврска на секој хаџија, и тој е составен дел од хаџот, и сите хаџии на 9-ти зул хиџетски, ден пред Курбан Бајам, се собираат на ова место..jpg)
.jpg)

Курбан или Хаџи-бајрам, за време на кој е неопходно да се заколе курбан и да се сподели курбанско месо на сиромашните, пријателите и соседите, трае четири дена и оваа година започнува на 21-ви август.
Бројот на верници кои пристигнале во Саудиска Арабија од странство за да учествуваат на овогодинешните обреди на хаџ изнесува околу 1,39 милиони луѓе, објавија саудиските власти во понеделникот, објави агенцијата Анадолу (АА).
Според Саудиската Генерална дирекција за пасоши, податоците за датумите на аџилак се од 14 јули до 11 август.
Саудиското министерство за Хаџ и Умра на 1-ви јули изјави дека се направени аранжмани за сместување на два милиона од очекуваните аџии.
Минатата година околу 1,75 милиони муслимани ја посетија Саудиска Арабија за извршување на хаџ, а 6,53 милиони пристигнале на Умра.
Аџилокот на Мекка и извршувањето на хаџ барем еднаш во животот е задолжително за секој возрасен, психички и физички здрав Муслиман, на финансиските можности тоа му го дозволуваат.
Обредот на Хаџ се одржува секоја година во периодот од 8 до 12 Зул-Хиџе, последниот месец на лунарната година. Со оглед на тоа што на аџилак во Мека секоја година собираат муслимани од целиот свет, Хаџот е еден од најбројните, носно најголеми собири во светот.
АНКАРА (AA) – Најголемиот Куран на светот испишан на дрвени плочи е изложен во Индонезија и привлекува големо внимание кај туристите кои ја посетуваат оваа земја, јавува Anadolu Agency (AA).
Во индонезискиот град Палембанг се наоѓа Музејот „Ал-Акбар“, во кој е изложен најголемиот Куран на светот, испишан на дрвени плочи со висина од 1,77 и широчина од 1,4 метри.
Автор на овој единствен примерок на Куранот е индонезискиот калиграф Шофватила Мохзаиб. Во разговор за AA рече дека му биле потребни девет години Куранот да го пренесе на дрво.
Со оглед дека немал значителна материјална поддршка и со оглед на фактот дека дрвото кое го користел е многу ретко, Мозхаиб истакнува дека со работа започнал во 2001, а завршил во 2009 година.
– Инспирација од соништата
Додава дека идејата за испишување на Куранот на дрво му дошла уште додека бил студент по калиграфија во 2000 година и дека инспирацијата ја добил во соништата.
„Најпрвин одредени делови од Куранот ги пишував на различни картони и така стекнав искуство. По препорака на луѓе од фелата, одлучив да почнам со испишување на Куранот на дрво“, рече овој извонреден калиграф.
Истакнува дека се работи за нешто за кое треба многу посветеност и нагласува дека е потребно најмалку 30 дена за една страница од Куранот да се пренесе на дрво.
За да го изработи ова поквалитетно и за дрвото да биде поиздржливо, Мохзаиб додава дека избрал дрво познато како тембесу, распространето во Јужна Суматра, а кое се користи за резбарење и изработка на дрвен мебел.
– Придонес за туризмот
За тоа колку неговото дело придонело за туризмот во овој регион, Мохзаиб вели дека од 2012 година наваму Куранот имале можност да го видат повеќе од милион посетители од сите делови на светот.
Сармин Гумај, еден од посетителите на Музејот истакна дека е импресиониран од Куранот на дрво. Додава дека често го посетува Музејот, и дека при секое доаѓање чувствува внатрешен мир.
Амира Лутфије рече дека дошла од градот Лампунг за да го види Куранот испишан на дрво.
Церемонија на колективното шеријатско венчавање за 60 парови, во организација на Меџлисот на Илсмаката заедница во Сараево, во соработка со Хуманитарната организација МФС-ЕМАМАС и нивните партнери од Обединетите Арапски Емирати, се одржа денеска пред Истиклал џамијата во Отоци.![]()
Двојките кои аплицирале за венчавка веќе пристигнале, и сите од нив можеле да земаат уште четири лица како придружба.
За младоженеците беа обезбедени костуми и кошули, а за младите невести фустани со украси и марами. За сите младенци, исто така, бил обезбеден и подарок во износ од 500 КМ.
Бидејќи според правилата на Исламската заедница на Босна и Херцеговина шеријатската венчавка може да се направи само после општинската, овој пат е направен исклучок, така за ова колективно венчавање можеле да се пријават сите младенци кои имаат закажан термин во некоја од општините во текот на јули.
– Денешниот чин на 60 нови брачни двојки ќе сведочи и ќе се стреми да ќе живее живот во согласност со вредностите на здрави општества во заедницата во која живееме. Како да го пренесеме еманатот на оваа вера и како да ја пренесеме грижата за татковината доколку немаме цврста и силна заедница и семејство – истакнал во својата изјава имамот на Централната џамија во Илиѓа и еден од имамите што ја извршија денешното колективно шеријатско венчавање Ресул ефендија Алиќ.![]()
Бракот е еден од подароците на Аллах кон луѓето преку кои се промовираат универзалните вредности на човештвото, како што се љубовта и семејниот живот, како предуслов за одгој на индивидуата и подобро општество во кое живееме. Затоа, Исламската заедница на овој начин се обидува да ги промовира семејните вредности, особено кога се ‘поголем број млади луѓе решаваат да не стапат во брак, истакнал Един Спахиќ, портпарол на Исламската заедница во Сараево.![]()
– Знаеме дека семејството е темел на опстанокот на една нација и пристаниште на спокојството, и од таа причина Меџлисите на Исламската заедница одлучија да им помогнат на младите двојки да се омажат на овој начин. На овој начин сакаме да кажеме дека бракот е нешто што треба да го практикуваме и нешто што носи берекет во нашите животи – додал Спахиќ.![]()
Според него, Исламската заедница Меџислис ќе се обиде да го одржи контактот со брачните парови во иднина, а донаторите кои дадоа подароци за младенците најавија дека постои можност и стипендија за образование на нивните деца кога ќе дојде време за нив.
По повод свеченоста што следеше после венчавката, на младенците им се обратиле градоначалникот на Сараево Абдулах Скака, како главниот имам на Меџлисот на ИЗ на Сараево Кенан ефендија Мусиќ. Двајцата говорници го истакнале значењето од стапување во брак за сите млади луѓе.
“Ова е голем ден за вас и сакам постојано да се сеќавате и цел живот да се сакате како што се сакате денес, порачал Скака честитајќи им на младите.![]()
По венчавката, за сите била организирана вечера во Хотелот Хилс во Илиџа. После церемонијата пред џамијата Истиклал, младенците и придружниците со автобуси биле превезени до хотелот.![]()
![]()
![]()
![]()
![]()
![]()
![]()
![]()
![]()
![]()
![]()
![]()
![]()
![]()
![]()
![]()
![]()
![]()
![]()
![]()
Извор: Фактор