(Фото) САРАЕВО: Колективна Шеријатска венчавка во организација на ИВЗ -БИХ и Обединетите Арапски Емирати

by Administrator

Церемонија на колективното шеријатско венчавање за 60 парови, во организација на Меџлисот на Илсмаката заедница во Сараево, во соработка со Хуманитарната организација МФС-ЕМАМАС и нивните партнери од Обединетите Арапски Емирати, се одржа денеска пред Истиклал џамијата во Отоци.
Двојките кои аплицирале за венчавка веќе пристигнале, и сите од нив можеле да земаат уште четири лица како придружба.
За младоженеците беа обезбедени костуми и кошули, а за младите невести фустани со украси и марами. За сите младенци, исто така, бил обезбеден и подарок во износ од 500 КМ.
Бидејќи според правилата на Исламската заедница на Босна и Херцеговина шеријатската венчавка може да се направи само после општинската, овој пат е направен исклучок, така за ова колективно венчавање можеле да се пријават сите младенци кои имаат закажан термин во некоја од општините во текот на јули.
– Денешниот чин на 60 нови брачни двојки ќе сведочи и ќе се стреми да ќе живее живот во согласност со вредностите на здрави општества во заедницата во која живееме. Како да го пренесеме еманатот на оваа вера и како да ја пренесеме грижата за татковината доколку немаме цврста и силна заедница и семејство – истакнал во својата изјава имамот на Централната џамија во Илиѓа и еден од имамите што ја извршија денешното колективно шеријатско венчавање Ресул ефендија Алиќ.
Бракот е еден од подароците на Аллах кон луѓето преку кои се промовираат универзалните вредности на човештвото, како што се љубовта и семејниот живот, како предуслов за одгој на индивидуата и подобро општество во кое живееме. Затоа, Исламската заедница на овој начин се обидува да ги промовира семејните вредности, особено кога се ‘поголем број млади луѓе решаваат да не стапат во брак, истакнал Един Спахиќ, портпарол на Исламската заедница во Сараево.
– Знаеме дека семејството е темел на опстанокот на една нација и пристаниште на спокојството, и од таа причина Меџлисите на Исламската заедница одлучија да им помогнат на младите двојки да се омажат на овој начин. На овој начин сакаме да кажеме дека бракот е нешто што треба да го практикуваме и нешто што носи берекет во нашите животи – додал Спахиќ.
Според него, Исламската заедница Меџислис ќе се обиде да го одржи контактот со брачните парови во иднина, а донаторите кои дадоа подароци за младенците најавија дека постои можност и стипендија за образование на нивните деца кога ќе дојде време за нив.
По повод свеченоста што следеше после венчавката, на младенците им се обратиле градоначалникот на Сараево Абдулах Скака, како главниот имам на Меџлисот на ИЗ на Сараево Кенан ефендија Мусиќ. Двајцата говорници го истакнале значењето од стапување во брак за сите млади луѓе.
“Ова е голем ден за вас и сакам постојано да се сеќавате и цел живот да се сакате како што се сакате денес, порачал Скака честитајќи им на младите.

По венчавката, за сите била организирана вечера во Хотелот Хилс во Илиџа. После церемонијата пред џамијата Истиклал, младенците и придружниците со автобуси биле превезени до хотелот.
Извор: Фактор

You may also like