Хаџ-от започна, се очекуваат два милиони верници

by Administrator

Се очекува дека околу два милиони муслимани од целиот свет ќе учествуваат во аџилак во најсветото место на муслиманите и во блиските градови во текот на следната недела. Обредите започнуваат денес и ќе траат до петок.

Хаџот, еден од петте столбови на исламот, е задолжителен за сите верници барем еднаш во својот живот, доколку имаат доволно пари за патување, имаат добро здравје и се физички подготвени да го посетат родното место на пратеникот Мухамед.
Обврската на хаџот настапува веднаш штом верникот за прв пат во својот живот обезбедува вишок на материјални средства доволни за трошоците за аџилак, што значи и да не е задолжен, како и да има осигурен дом и неговото семејство да е снабдено додека е отсутен.
За време на хаџот хзиите вршат обиколка околу Каба за да го извршат обредот познат како “Таваф” пред да тргнат кон долината Мине и да почнат да се качуваат на планината Арафат, источно од Мека, која е врв на Хаџот.
Мажите се облечени во ихрами или нешиена бела облека, а жените носат вообичаена широка облека што ја носат во секојдневниот живот. Жените не треба да носат накит или пак да се шминкаат.
Околу 1,7 милиони верници веќе пристигнаа од сите четири страни на светот, според официјалните податоци објавени во четвртокот. Со цел да го олеснат нивното учество во настанот, верниците на нивните мобилни телефони имаат сè поголем број апликации на повеќе светски јазици.

You may also like