Според резултатите на ДИК, излезеноста на граѓаните на населба Подгорци до 13 часот, изгледа вака:

По повод раѓањето на пејгамберот Мухаммед с.а.в.с, вечерва после јација намаз во просториите на Долна џамија-Лабуништа се одддржа трибина на која според предвидената програма, беа проследени:
Пред присутните џематлии оваа трибина беше збогатена со учеството на: Џеладин еф. Максутоски, Сезаир еф. Салоски, Кадир еф. Далипоски и Харис Солакоски.




„Dubai-Portal“
Вечерва, актуелниот градоначалник и кандидат за иден градоначалник, Рамиз Мерко, во Лабуништа ја заврши кампањата за Локалните избори, кои ќе се одржат на 17-ти (недела)

Барајќи ја поддршката од Лабуништани, но и од жителите од околните населени места својот глас на локалните избори, в недела да го дадат за него и советничката листа на ДУИ предводена од Арбереша Влаши, Мерко се осврна на дел од реализираните проекти во општината. Тој се осврна на затекнатата состојба во училиштата и блокираните сметки кога дошол на местото градоначалник во 2017 година, нагласувајќи дека, доколку добие нов мандат ќе продолжи да инвестира во младите

„Ние ќе стоиме зад сите овие млади додека нашето искуство не се сплоти врз нив. Во 2017 година ги затекнав сите училишта со блокирани сметки. Сите се жалеа немаше креда, немаше средства за чистење, неплатена струја, греење, транспорт…. Со помош на Советот испалтивме 2,5 милиони евра. Обезбедивме одлични услови во училиштето во Лабуништа за децата да се образуваат. Ќе продолжиме да инвестираме во младите затоа што само со учење ќе одиме напред“, рече Мерко.
За идните проекти рече дека не сака да се задржува, бидејќи, според него, ги има многу и се напишани во програмата, што е достапна за сите граѓани, но, нагласи дека ќе продолжат да инвестираат во Струга, Лабуништа и сите останати места за младите да останат во својот дом, на своите огништа.
„Тука е нашето родно местото, тука ќе направиме Швајцарија, Словенија Хрватска. Имаме услови младите да ни останат тука, подвлече Мерко, посочувајќи дека позитивната бизнис клима ќе продолжи и во иднина и секој што има можност ќе може да инвестира.“


„Spektra“
По повод предстојните локални избори, свое видување за тоа како изгледаше за процесот околу изборната кампања ни даде Амир Муртезоски, кандидат од листата за советници од редовите на на коалицијата Алијансата за Албанците и Алтернатива.
Како изгледаше текот на изборната кампања, забалешките и што им порача Муртезоски на граѓаните на Општина Струга, погледнете во долу приложениот видео запис.
„Dubai-Portal“
„Јас, Самир, ве повикувам во недела масовно да излезете и да ми ја дадете довербата, заокружувајќи го бројот 11. Во оваа политичка борба влегов со чист образ, со чесност и коректност и убеден сум дека ќе ја добијам вашата подршка, бидејќи на моја страна се мојата чест и углед. Немам ниту една црна дамка во мојата кариера и знам дека сум најдобрата понуда. Заедно со вас ќе свртеме една нова страница за Струга и струшко и затоа сум убеден дека ќе победам.“
„Дозволете ми во оваа прилика, да му се обратам на Лабуништани, моите пријатели, роднини, сонародници од Подгорци, Октиси, Боровец, Јабланица и цело струшко, дека мојот приоритет е инвестирање во овие рурални средини, бидејќи моите конкуренти многу малку или вопшто не направиле и не инвестирале во овие места. Свесен сум дека на моја страна се мојата младост, но и чест и честитост и затоа верувам дека вие нема да ме изневерете. Драги браќа и сестри, верувам во вас.“
„Dubai-Portal“
Свое видување преку кратка интервју-изјава за процесот околу изборната кампања по повод предстојните локални избори кои ќе се оддржат на 17.10.2021 ни даде Асим Саитоски кандидат од листата за советници од редовите на на коалицијата Алијансата за Албанците и Алтернатива.
Како изгледаше текот на изборната кампања, забалешките и што им порача Саитоски на граѓаните на Општина Струга, погледнете во долу приложениот видео запис.
Како и што беше објавено според планираната агенда од изборната кампања за локалните избори во Македонија, кои ќе се оддржат на 17.10.2021, вечерва во спортската сала во населба Лабуништа, својот завршен митинг го оддржа коалицијата на Алијансата за Албанците и Алтернатива.
Како и во претходните посети на населбите кои влегуваат во општина Струга, така и пред жителите на населба Лабуништа кандидатот за градоначалник Идри Истрефи, носителот на листата за советници, Нијази Џумкар, кандидатите на листата на советници: Сафет Демиралиески, Асим Саитоски, Амир Муртезоски и Јасмина Цаноска, уште еднаш како и во многуте наврати во своите излагања укажаа на промените кои треба да се случат за доброто на сите жители на Општина Струга.
Покрај горе наведените, свое излагање имаше и г-динот Сурија Рашиди, шеф на изборниот штаб на Алијанста за Албанците.
Во прилог на оваа информација Ви пренесуваме видео запис од излагањето на горе споменатите, и начинот и причината за која сметаат сметаат дека, како што велат да се дојде до “Чиста победа“ на сите граѓани, и до една нова Струга која ќе припаѓа на сите нас, а не само на поединци.

Во рамките на предвидената агенда по повод редовните локални избори кои во Македонија ќе се оддржат на 17.10.2021, кандидатот за градоначалник од редовите на коалицијата Алијанса за Албанците г-дин Идри Истрефи, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Јован Јаулески, носителот на листата за советници од ВМРО-ДПМНЕ, Ален Деребан, кандидатот на листата за советници, Љупчо Тасески, членови на општинскиот комитет и симпатизери, во текот на вчерашниот ден, со заеднички настап ги посетија населените места Подгорци, Боровец, Јабланица и Ташмаруништа.
При посетата на овие населени места, кандидатот за иден градоначалник на Општина Стгруга и носителот на листата од ВМРО-ДПМНЕ, имаа можност да поразговараат со жителите на горе споменатите населби и запознат со секојдневните проблеми со кои се соочуваат, и се разбира и другите потреби (инфраструктура) потребни за нормално одвивање на секојдневниот живот во средината и пошироко, притоа потенцирајќи дека за решавање на истите потребна е довербата која треба да ја добијат, како би ги реализирале и зацртаните проекти поврзани за Општина Струга и околните населби кои територијално и припаѓаат на оваа општина.
Во прилог на оваа информација, преку видео и фотографии ви пренесуваме дел од посетата на двата кандидати.
