Ви го пренесуваме видео снимениот материјал од вечерашниот голем и завршен победнички митинг на Партијата за Европска Иднина -(ПЕИ) и коалицијата -ЗА ЖИВОТ ВО МАКЕДОНИЈА-

Многу ми е жал што моментално немаме соодветна просторија да сите овие наши сограѓани кои вечерва дојдоа да нё посетат и слушнат нашето излагање , за моменталната политичка ситуација во нашава држава, и се разбира она најважното за она за што се залагаме, состојбата на нашиот народ во овие наши краишта, да бидат внатре заедно со нас во оваа просторија.
Сепак би сакал и да им се заблагодарам дека и покрај студеното време дел од нив останаа надвор и со тоа на некој уште еднаш потврдат дека сепак ПЕИ сеуште ја има довербата од Подгорчани, ова беа првите зборови на претседателот на Партијата за Европска Иднина, г-дин Фијат Цаноски.
На самиот почеток од средбата, добредојде на сите присутни им посака членот на МО -ПЕИ , од Подгорци, Субија Мавмудоски, кој накратко на сите присутни им се заблагодари што одговориле на нивната покана и што дошле во толкава бројка и дека посебна чест му е што вечерва покрај него е еден од најголемите борци за овој наш торбешки народ г-динот Фијат Цаноски.
Во текот на средбата свое излагање покрај г-динот Фијат Цаноски имаа идниот пратеник на оваа партија г-динот Алија Камбероски, како и членот на извршниот одбор на ПЕИ, Ајет Кариманоски.
Ова е единствената партија која секогаш им излегувала во пресрет на сите наши сограѓани од сите наши населби. Ги повикуваме сите оние кои моментално нени се придружиле во оваа наша борба за целосно ослободување на државата и се разбира потврдување дека сепак како вакви постоиме, да ни се придружат и на 11 декември да ни ја дадат својата доверба, на нас како ПЕИ и се разбира коалицијата предводена од најголемата опозициска партија СДСМ, со која заеднички единствено можеме да го собориме овој тоталитарен режим. Имаме наш иден пратеник кој ќе нё претставува во Македонскиот парламент, а тоа значи дека сепак се вреднува и почитува нашето постоење. Знаеме низ што сё поминавме оваа низа на 10 години, и зарди тоа ве уверувам дека секој еден глас што ќе го дадете за оваа колација, го давате за себе и за иднината на сите нас.
Немојте да дозволите со некакви си ситни пари или прехрамбени производи к да биде купуван вашиот глас, бидејќи со тоа ја продавата и гордост и образ. Многу ми е жал што наши некои сограѓани потклекнуваат на ваквите валкани активност на одредени политички партии, ама сепак на таквите нека им е срам, што ова го прават врз својот народ, и тоа за ситен сопствен интерес.
Секогаш ќе бидам овде, во нашиве населби, и секогаш излезам во пресрет на секој еден проблем кој моментално би го притиснал мојот народ, и не заради тоа решив заедно со моето семејство да живеам во Струга, од каде ќе бидам поблиску до сите вас. И покрај сите напади и притисоци кои во изминатиов период беше вршен врз оваа наша партија, сепак ние успеавме, после 11-ти ова ќе биде истовремено и почеток на една нова ПЕИ, партија на луѓе кои ќе допринесуваат во нејзиниот развој, луѓе кои повеќе ќе се интересираат за своите, за вработувањата и многу други работи од кои аир ќе видат овие наши населби и нејзините жители.
Лично ви најавувам сопствени иневстиции, решавање на инфраструктурите кои им се потребни на нашите населби. Меѓутоа за да се реализира сето тоа, потребна ни е вашата подршка за смена на овој режим, бидејќи секој друг неповолен исхот од изборите, ќе го спречи сето ова и се разбира остави нашите населби да продолжат со оваа агонија во која се наоѓаме 10 години.
ПЕИ и јас никогаш не сме се откажале од торбешите и торбешкото прашање, ова би сакал да го потенцирам и пренесам до сите оние кои шират овие невистини и дезинформации, и пренесам дека нема да успеат во тоа, а се разбира нема да успеат и оние кои за ситни сопствени интереси сопствениот народ го влечат по други партии, и свесно му наштетуваат на сопствениот народ раздвојувајќи од сопственото јадро.
Би сакал да им пренесам, дека ние сме отворени и за сите оние кои сакаат да ни да пристапат, и се разбира отворени и за сите оние кои на некој начин имале погрешни мислење или пак свесно или свесно и` згрешиле на оваа партија. Ова е наша партија, акале некои или не, и само преку неа можеме да си го задржиме сопствениот идентите, и како луѓе и како народ, накратко ви пренесуваме дел од излагањето на г-динот Цаноски.
Во текот на средбата свое излагање на имаше и кандидатот за пратеник Алија Камбероски, кој во своето излагање најмногу се осврна на програмата на Коалицијата за Живот во Македонија, во која се содржани делови од програмата на ПЕИ, а кои точно се однесуваат на делови потребни за овие населби. И на крајот ос воето излагање ги повика граѓаните, на 11.декември масовно како и на оваа средба да излезат на гласање и потврдат својата одлука со заокружување на бројот (4), со што ќе овозможат преку коалицијата предводена од СДСМ еднаш за секогаш каже стоп и крај за ваквата недемократска и тоталитарна власт., и почеток на новото и подобро утре за нашиве сограѓани и нашиве населби, -надополни во своето излагање – Камбероски.

Овој режим веќе е паднат и народот ќе се ослободи од него, и за сите нас започнува нов живот, односно живот за Македонија, накратко ни изјави Зекири, (член на извршниот одбор на СДСМ) кој денес беше во кратка посета на Подгорци, заедно со претседателот на Партијата за Европска Иднина г-динот Фијат Цаноски, како и идните пратеници во Македонскиот парламент, Јован Митрески и Алија Камбероски
Во прилог Ви предствуваме дел од нивните излагања, пред присутните жители на Подгорци.

Како што рекле старите, а се знае дека и така треба да биде, ’зима без снег не бидува’. Вака денес изгледа населба Подгорци, после добредојдето на првиот снег, кој потврди дека зимата без снег не наликува на зима, и дека вака треба да изгледа.
Своето доаѓање таа уште пред неколку денови таа го најави со белата покривна на Подгоречката планина, а денес веќе ја покри и нашава населба.
Можеби, не ни падна многу за децата да започнат да прават влечала и снешко, сепак ни останува уште многу време од оваа наша овогодинешна зима, Господ знае веќе сме на почетокот.
Ниските температури веќе се најавија, чајџилниците веќе се полнат, некој надвор на тој студ правејќи му атер на цигарата, а некој низ муабет, кафе, макијато, чај и понешто друго заеднички споделуваме мислења за зимата која што ни предстојува.
Како и да е, се надеваме дека оваа зима неба да биде барем како поранешните, кога одредени институции затаија (ЕВН) , па може да се каже и оние нашите локалните, за да нё испадни дека зимата нё изненадила во декември…
Како и да е впечаток е дека годишните времиња си ја пополнуваат својата слика со она како што нив ги доликува и како што треба

“Како и што ви ветив минатиот пат, дека за кратко време повторно ќе дојдам во овие наши преубави краишта во Македонија, каде секогаш сме добредојдени од сите оние кои нё почитуваат како политичка партија, така пред се како и луѓе, би сакал да ја изразам мојата благодарност од она што денес ни го приредивте како домаќини, како на мене лично, и на моиве коалициони партнери, така и на нашите представници кои во текот на овие наредни денови ќе ги посетуваат овие наши населби, со кои ќе имате можност да поразговарате , и да им укажете на проблемите со кои се соочувате, и се разбира она што најмногу нё интересира сите нас, а тоа е излезот од политичката и економска криза со која за жал се соочува нашава држава предизвикана од оваа ненародна и недемократска власт“.
Вака накратко изгледаше нашиот разговор со заменик претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска која за краток период повторно реши да ни биде гостин овде меѓу нас Подгорчани и околните населби.
На денешната средба Шекеринска беше придружувана од својот коалиционен партнер Партијата за Европска Иднина (ПЕИ), претставувана од претседателот Фијат Цаноски, кандидатите за пратеници во Македонскиот парламент Алија Камбероски и Јован Митрески.
Во продолжение Ви пренесуваме дел од забележаното видео преку кое Ви ги пренесуваме нивните излагања пред жителите на ова населба, и атмосферата од нивниот претстој во нашава населба.

По повод отврањето на новиот школски интернат во рамките на Културниот Центар “Илксав Сејјид Ќамил“, денес во Гостивар беше приредена свеченост на која учествуваа голем број на представници од образовниот, верскиот политичкиот и културен живот.
По отварањето на овој објект делд од образовниот систем имавме можноста накратко да го разгледаме и увериме дека станува збор за модерно уреден и испланиране објект, во кој идните ученици слободно ке можат да ги користат сите удобности што овој објектот ги поседува, тргнувајќи од простириите за учење, спиење, прием на гости, трпезарија, извршување на намаз, лична хигиена и се разбира и простории за друга намена.
Во прилог на овој пост ви представуваме дел од забележаните фотографии од овој настан.

Вака оваа година изгледа нашата и вашата подгоречка планина, месец ноември, а таа веќе во бело руво. Овие фотографии благодарение на Мирсад Исакоски еден од нашите најголеми љубители на природата, и сё околу неа, не можеа да нё остават равнодушни и истите да не ги позајмиме од неговиот фејсбук профил, и накратко пренесеме она што неговиот објектив успеал да го забележи и одблиску пренесе снежната убавина на нашата преубава планина.
Едноставно нема потреба од повеќе зборови, фотографиите сами ќе го кажат тоа, а нас едноставно ни останува да воздивнеме пред оваа убавина што природата ни ја дала.
Уживајте !

Вечерва 12 ноември, Сабота после јација, на барање и покана на поголем број џематлии и дозвола од џамискиот одбор во џамија С. Подгорци се одржа верско предавање од нашиот познат мусафир, гостин и пријател хоџа Ариф еф Рамадани, кој на присутните џематлии се обрати со тема „Влези меѓу Аллаховите робови, влези во Џеннетот негов!“
Покрај главната тема која се однесуваше за џеннетот, се наврати на актуелната ситација во која се наоѓаат муслиманите, со посебен осврт на честата појава на земјотреси, кои гледано од исламски аспект, се Божја опомена и казна за гревовите на луѓето и нивно отстапување од божјиот закон. Исто така, ефендијата напомена на важноста од меѓусебна несебичност, реципрочно сакање и помагање, отфрлување на секаква омраза и завидливост.
Притоа, потенцирајќи и на долгите зимски ноќи, кои сё повеќе треба да се искориста во време за ибадет и други вредности, преку кои се заработува џеннетот, отколку истото драгоцено време во кое и Возвишениот Аллах се колне, да се троши во гледање на телевизија и други некорисни работи, со кои се одргнуваме од патот кој води џеннетот и неговата убавина.

Своето видување за моментална политичка и економска криза во државава, како и решението за излез од истата, пред присутните жители на населба Подгорци, синоќа како гостин и член на извршниот одбор на СДСМ го изнесе г-динот Едмонд Адеми.
Тој во кратки црти присутините жители ги запозна со напорите кои СДСМ и коалицијата ги прават со цел да се изнајде решение за излегување од моменталната криза во која се наоѓа државата, притоа потенцирајќи дека за излез од ваквата состојба потребно е заеднички да се учествува во заедничката борба за конечно ослободување, како на политичкиот, економскиот така и општествениот живот во Македонија.
Народот е тој кој треба да го каже конечниот збор, и да одлучи кој понатаму треба да ја води оваа држава. Се надеваме дека на 11 декември народот ке ја донесе вистинската одлука, и после десет годишната тортура и ограбувањата кои ги прави овој режим, конечно нашата држава ке го изнајде патот кон Евро интергациите и НАТО, притоа посочувајќи на одредени наши соседни држва кои во изминатиот 10 годишен период иако Македонија предначела пред нив, излегоа далеку пред нас, а, ние останавме да тапкаме во место, и закочуваат сите надворешни инеграции на нашава држава.
За моменталната состојба и секојдневниот живот со кој денес се наоѓа и со која е соочен нашиот граѓанин, повеќе не може и што да се објаснува и кажува, бидејќи веќе ние е позната, односно самите граѓани денес го чувствуваат она што овој режим го направил за себе и своите најблиски, а заборавил граѓаните кои им дале доверба и од кои денес повторно барааат доверба.
Се разбира ваквата состојба идеална е само во провладините медиуми, кои како и секогаш прикажуваат едно, а народот се соочува со друго.
Се промовираат разно-разни инвестиции и инвеститори,а како се чувствуваат вработените во нивните фабрики и колку заработуваат, од повеќе е јасно. Се субвенционираат инвеститорите кои влегуваат, а оние домашините остануваат сами да се борат за опстанок, или пак доколку не размислуваат како нив, вообичаено се соочуваат под закани и притисоци. А оние странските штом си ја завршат работата, односно прекине субвенционирањето, си заминуваат, а нашето стопанство останува опустошено.
Сведоци сте на постојани штрајкови од различни организации, се разбира оние нашите домашните, и кои можете да ги видете само на оние медиуми кои решиле и покрај притисокот на власта да објават дека сепак сликата не ни е идеална како што некои ја прикажуваат.
Во продолжение од своето излагање, Адеми се задржа и на тоа дека СДСМ има Програма за излез од ваквата состојба, и наскоро граѓаните ќе имаат можност да ја разгледаат и анализираат.
Се надевам дека овој пат и ние поучени од претходните грешки, нема да дозволиме државата да ни тргне по погрешна насока, меѓутоа за да недојде до сето тоа, очекуваме дека народот ке биде тој кој ке пресуди на 11 декември, односно тој ке биде вистинскиот судија кој ќе пресуди и донесе конечната одлука.
Покрај, г-динот Адеми, како гостин, на оваа заедничка средба, свое видување за локалните проблеми изнесе и Јован Митрески (поранешен пратеник на СДСМ во Македонскиот парламент) кој пред присутните граѓани укажа на тоа дека се запознати со потребата од изградба и реализација на одредени инфраструктурни објекти во населба Подгорци, и тоа наскоро ќе може да забалежи и во нашата програма во делот на реализирање на инфраструктурни објекти во Општина Струга во делот за населба Подгорци. “Јас Ви гарантирам дека еден од првите проекти за кои има потреба оваа населба, и која беше ставена како приоритет ( изградба на пречистителна станица) ќе биде реализиран веднаш по нашето стапување на власт, а вие сте сведоци на тоа дека вакво барање за одобрување на финансиски средства за реализација беше поднесено во македонскиот парламент, меѓутоа оваа влада не го одобри, односно сметаше дека проекти склуптура од Скопје 2014 познат како “Мачка“ повреден е од Подгорци и Подгорчани.
Се разбира запознати сме и со другите како потреби како (амбулантата, трет филтер,доизградба на подгоречката брана, како патната инфраструктура) Од разговорите со жителите на населба Подгорци известени сме и потврдено ни е дека оваа власт предводена од ВМРО ДПМЕН и ДУИ не направиле ништо за оваа населба, односно зад себе при секоја посета на оваа населба оставале само празни ветувања, што вообичаено знае да го прави како и секогаш – надополни Митрески.
Од нашата Месна Организација на СДСМ – Подгорци, ги добиваме сите потребни информации, проблеми и потреби со кои се соочувааат Подгорчани, веќе извесен период постојано нё гледате тука, а веќе се знаеме и со голем број на Подгорчани. Многу ние мило што секогаш сме добредојдени и заеднички да поразговараме за проблемите кои ве тиштат.

Секогаш ќе бидеме кога ќе има потреба да бидеме, се разбира кога ќе бидеме повикани, ние знаеме како да возвратиме кога народот ќе ни ја даде довербата и кога нё почитува. Сакаме да помогнеме и заради тоа неслучајно денес постои една од нашите Месни Организации токму во Вашава населба и за која слободно можеме да се пофалиме дека ни е најактивна и најорганизациона во претставувањето на Вашава населба, притоа во најголем дел осврнувајќи се на проблемите кои ги пренесуваат кај нас. Отворени сме за соработка и нашите врати секогаш ќе бидат отворени, како за Подгорчани, така и за жителите од околните населби – изјави пред присутните Даме Ложанкоски претседател на Општинската Организација на СДСМ – Струга.
Почитувани, еве за жал вака денес изгледаат делови од регионалниот пат Струга-Дебар. Пукнатини, слегнувања, па дури и одвојување на асфалтираната коловозна подлога, сето тоа ја претставува денешната слика од овој ново асфалтиран пат.
Според она што можевме да го забележиме бидејќи и често сме го користеле овој дел од патот, може да се констатира дека речиси истите делови кои порано биле проблематични, односно оштетени повторно излегуваат на повидок.
Како биле реконструирани овие делови? , како била обработена подлогата? , и каков бил квалитетот на асфалтот кој се користел, тоа би требало да го знаат изведувачите и оние кои имале контрола над градежните активности.
За колкавав број и должина на оштетени делови станува збор, доволно е само да поминете дел од Струга некаде до населба Лабуништа, релација која ние најчесто ја користиме и каде ги забележавме овие неправилности, а како изгледа понатаму до град Дебар и кога може да се очекува слични работи да се случат и таму останува да покаже времето, односно некаде порано некаде подоцна.
Како и да е на крај може да се констатира дека тие кои ја изведувале реконструкцијат како и надгледувањето (контролата) при изведување на градежните работи, очигледно не си ги завршиле работите како што треба, и некој се разбира треба да сноси одговорност за она за што зел пари, а не го направил како што треба.
Инаку оваа делница од регионалниот пат, и целиот пат до Дебар пред неколку години наназад 50-60, а можеби и повеќе беше асфатлиран од страна на “Босна Путеви“ и истиот речиси издржа долг временски период, што представува уште еден доказ како се работело претходно и како се работи денес.
Колку за постетување, реконструкцијата на овој регионален пат, како и неговото пуштање “горделиво“ беше најавувано од страна на “нашава“ влада како дел о програмите за реконструкција на регионални, магистрални, локални патишта во нашава држава.
На самото пуштање во употреба на регионалниот пат Струга, свое видување и говор оддржа и поранешниот премиер
Никола Груевски, сега претседател на ВМРО ДПМНЕ каде во останато изјави:
Со вкупна инвестиција од 580 милиони денари регионалниот патен правец Струга – Дебар, во должина од 50,9 километри е целосно реконструиран и рехабилитиран.
– Патот Струга – Дебар е најзначајниот патен правец на кој се работеше изминатиот период во овој дел од Македонија. Беше во многу лоша состојба, со намалена безбедност и отежнато движење на моторните возила. Денес со задоволство можеме да констатираме дека е целосно реконструиран со што се подобрија условите за патување, комуникација и севкупно се подобри животот на голем број граѓани кои тука секојдневно минуваат. Сигурен сум дека новиот пат ќе придонесе за подобрување на локалното стопанство, за развој на туризмот, за транспортерите, земјоделците, преработувачите, трговците, како и за зголемување на регионалната и економската соработка меѓу Македонија и Албанија, рече Груевски пред пуштањето на патниот правец.
Реконструкцијата на овој коловоз, напомена, не е ниту прва, ниту последна инвестиција од ваков карактер во западна Македонија.
На крај дали ќе се подобрат условите за патување и комуникација на граѓаните и колкавав ќе биде аирот, останува да се види, до кога и колку ќе издржи оваа реконструкција , која за жал не успеа да издржи повеќе од некаде две и пол години од неговото конечно – завршно реконструирање останува да се види.
Вкупна износ на ова инвестиција – реконструкација на регионалниот пат Струга-Дебар изнесувала 580 милиони денари и се каратктеризираше со должина од 50,9 километри.
Инаку овој пат после ’реконструкцијата’ во употреба беше пуштен на 18.01.2014 година, а до кога ќе издржи само еден Господ знајт, ама едно е сигурно, според она што тој денес го покажува сигурно нема да издржи многу.

Dubai-portal.com.mk