
Dubai-Portal / Mazen Eyon
Израелскиот генерален конзул во Њујорк, Дани Дејан остана шокиран бидејќи најмалку стотина студенти си заминаа за време на неговиот говорр на Правниот факултет Харвард во САД во средата.
Баш во моментот кога Дејан требаше да започне со својот говор на тема
Правната стратегија на израелските населби“ во окупираната Палестина, студентите кои го исполнија студентскиот театар, станаа и кренаа плакати со натпис „Населбите се воено злосторство“ и тишина, излегоа од просторијата.
Гестот, наводно, имал големо влијание врз Дејан, бидејќи се слушнал како лелекал „Се сеќавам дека ова го правев во градинка“ додека аудиториумот се испразнуваше. Потоа, тој беше оставен да продолжи со својот говор пред неколкуте студенти што останаа.
Влијанието на инцидентот, сепак, резултираше во искреност на свеста за ова прашање и остави огромен впечаток. Еден од организаторите на протестот, Самер Хјују(Samer Hjouj), изјави за медиумскиот центар за Велика Британија „Средноисточно око“(Middle East Eye) дека, „100 луѓе одеднаш станаа и тивко заминаа, тоа остави големо влијание“. , велејќи дека „Штом дознавме за настанот, го планиравме оа, ни требаше многу време, но имавме тим во секое училиште на Харвард, наоѓајќи луѓе што ќе ни помогнат да го реализираме тоа“.
Дејан е клучен поборник за воспоставување и одржување на израелските населби во окупираниот Западен Брег. Тој беше претседател на Советот на „Јеша“ (Yesha Council), сојуз на илегалните израелски населби, од 2007 до 2013 година. Последователно беше назначен за главен претставник за надворешни работи на советот – единствен официјален претставник на движењето за нелегално решавање на меѓународната заедница.
100+ ppl protested Israeli war criminal Dani Dayan’s talk on “The Legal Strategy of Israeli Settlements.” Settlements are illegal under int’l law and part of a grander strategy of settler colonialism and the displacement of Palestinians.
We cannot tolerate his extremist views. pic.twitter.com/vfmf1AVM3T
— Harvard PSC (@HarvardPSC) November 13, 2019
Ова не е првпат, каде студентите ги осудуваат поканите на израелските функционери или про-израелските фигури, кои се оддржуваат во универзитетите. Некои се соочуваат со ваквите протести, обвинувајќи ги демонстрантите дека ја потиснуваат слободаа на говор.
Во мај минатата година, поранешниот силно про-израелски американски амбасадор во ООН, Ники Хејли, го имаше својот говор на Универзитетот во Хјустон во прекин од демонстрантите кои викаа „Ники Хејли(Nikki Haley), крвта е на твоите раце!“
И покрај тоа што Израел со изградбата на еврејските населби на палестинската територија го прекршува меѓународното право, како и што се смета за воено злосторство, населбите продолжија да се градат и прошируваат, при што околу 650,000 Израелци живеат во окупираниот Западен Брег и Источен Ерусалим. Ова доаѓа по цена на палестинските домови, села и цели населби или да се евакуираат и окупираат или уништат и заменат, оставајќи ги нивните правни сопственици без ништо.
Dubai-Portal / WAM
САРАЕВО (AA) – Синоќешното доделување на Нобеловата награда на контроверзниот австриски писател и негатор на геноцидот во Сребреница Петер Хандке наиде на голем број критики и осуди од целиот свет. Познати фоторепортери, кои известуваа од Сараево за време на војната, како и од другите делови на БиХ, се приклучија на осудите поради доделувањето на Нобеловата награда на австрискиот писател и негатор на геноцидот Петер Хандке, јавува Агенција Анадолија (AA).
Тие споделија свои фотографии и пораки на социјалната мрежа Твитер со хаштагови (ознаки) #NobelPrize #Handke #BosniaWarJournalists.
Иницијативата и поканата на воените фоторепортери да ги објават своите фотографии од БиХ, направени во текот на војната 1992 – 1995 година, потекна од Петер Маас.

Фоторепортерот Сантиаго Лион, кој е ранет на должност во текот на војната во Босна, порача дека ова е голем срам за Нобеловата награда и самиот Хандке.
„Срам за Нобеловата награда и срам за Хандке поради неговата слепост и свесното порекнување на геноцидот во Босна. Бев таму како фоторепортер и видов од прва рака”, порача Лион.
Тој сподели фотографија на која може да се види мртва жена на една од сараевските улици, а со фотографијата во описот стои: „Жена која е убиена од српски снајперист, јуни 1992 година.”
Фоторепортерката Нина Берман сподели фотографија на жена муслиманка, жртва на силување во текот на војната во БиХ, која ја забележа во болницата во Тузла. Берман напиша дека „Србите во војната силувањето го користеле како стратегија во вршење на етничко чистење”.

Уште еден светски познат воен фоторепортер Рон Хавив, чии воени фотографии од Хрватска и БиХ го обиколија светот, сподели своја фотографија забележана во Бијељина во март 1992 година, на која се гледа како припадник на Аркановите тигри со нога удира убиени цивили.
„Етничкото чистење на 2 март 1992 година, српските паравоени војници познати како Арканови тигри, Бијељина. Босна. Муслиманските цивилни жрви Абдурахман и Хамијета Пајазити, Ајша Шабановиќ”, напиша Рон Хавив под својата фотографија.
Ентони Лојд, фоторепортерот на списанието „The Times”, ги следеше воените случувања во БиХ, Косово, Авганистан, Ирак, Чеченија, Сиера Леоне, Либија и Сирија.
По повод доделувањето на Нобеловата награда на Хандке, на Твитер сподели фотографија на жена во искинат фустан со опис дека станува збор за жена која е пронајдена покрај пат, по неколку дена поминати во српски логор.
„Ние кои бевме таму, знаеме и се сеќаваме на реалноста”, напиша Лојд.
Фоторепортерот Хавиер Баулуз сподели фотографија на две босански машки деца зад кои може да се видат гробишта, а порака напиша на англиски и на шпански јазик.
„Бев таму (во БиХ) како воен фоторепортер. Доделувањето на Нобеловата награда на Хандке е како лажна вест. Сите знаеме дека таму (во Босна) беше геноцид”,напиша Баулуз.

Роџер М. Ричардс, фоторепотер и режисер кој во Сараево дојде во 1992 година и остана долго по опсадата, автор на филмот „Сараевски ружи” (Sarajevo Roses), сподели повеќе фотографии кои ги тематизираат воените случувања во БиХ, а по повод скандалозното доделување на Нобеловата награда на Хандке.
Меѓу нив е фотографија забележана во Поточари во 2009 година, на 14 годишнина на геноцидот во Сребреница, кога се погребани 534 жртви од геноцидот.
„Колективен погреб во 2009 година 534 жртви (меѓу повеќе од 8.000) босански машки лица и момчиња убиени од страна на силите Милошевиќ-Караџиќ-Младиќ”, напиша Ричарс под фотографијата.
АА/ Dubai-Portal
АНКАРА (AA) – Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган и претседателот на Русија Владимир Путин разговараа телефонски, јавува Агенција Анадолија (АА).
Од Кабинетот на турскиот претседател соопштија дека Ердоган и Путин разговарале за билатералните односи и случувањата во Сирија.
Се наведува исто така дека во текот на телефонскиот разговор се разговарало и за други регионални теми.
AA / Dubai-Portal
Извори кои ја познаваат проблематиката за НОВА велат дека стоковите резерви постојано се обновуваат и нелогично е тие да биле стари, од 2016 година како што тврдат надлежните
Инсулините кои се уништени се од паралелен увоз и се набавени со тендерот од 2016 година, тврдат за НОВА, во Агенцијата за лекови (МАЛМЕД). Од таму потенцираат дека законските измени во делот на паралелниот увоз налагаат повисоки стандарди за квалитет кои треба да се исполнат при ставање на секој лек во промет.
„Станува збор за инсулини кои се чувале во веледрогеријата „Зегин“ и се дел од државните стокови резерви. Инсулините се од производителот „Новонордиск“ и се набавени со тендерска постпка спроведена од Министерството за здравство во 2016 година. Поголема количина од овие инсулини се со рок пред истекот на важноста. Сите инсулини се увезени согласно одредби кои биле пропишани во Законот за лекови и медицински помагала но, истите не се повеќе во важност. Законските измени во делот на паралелен увоз предвидуваат повисоки барања и стандарди за потврдување на квалитетот на лековите кои е потребно да се исполнат при ставање на секоја серија на лек на пазарот“, велат за НОВА од Агенцијата за лекови(МАЛМЕД).
Сепак, од суштинско значење по уништувањето на оваа количина на инсулини е дали во државните стокови резерви има доволно инсулини, за колку време и колкава количина. Како ќе се надополнат стоковите резерви кои се неопходни во случај на вонредна состојба, еколошка катастрофа, елементарна непогода или при поголемо нарушување на пазарот, дали за тоа ќе биде потребен нов тендер за кој се знае дека процедурата трае подолго.
Од Министерството за здравство велат дека нов тендер нема да биде распишан бидејќи дел од инсулините од последниот двегодишен тендер ќе бидат насочени кон стоковите резерви.
„Нема да има нов тендер за инсулини, дел од последната набавка ќе оди во стоковите резерви. Инсулинот кој што е уништен е од стоковите резерви и е увезен со постапка на паралелен увоз во претходната Влада, пред стапување на сила на одредбите од Законот за изменување и дополнување на Законот за лекови и медицинските средства („Службен Весник на Република Македонија, број 113/2018). Поради тоа што инсулинот повеќе не одговара на сега пропишаните одредби во Законот за лекови и медицински средства, Владата донесе одлука истиот да се отпише и соодветно да се уништи, а потребите во Стоковите резерви согласно Програмата за стокови резерви соодветно да се надополнат“, се вели во одговорот за НОВА, од Министерството за здравство.
Сепак, нејасно дали количината инсулини предвидена со двегодишниот тендер ќе биде исцрпена со префрлање на дел од нив во стоковите резерви. Дали постои опасност од недостиг на инсулини без да се трошат стоковите резерви и како тоа ќе се реши.
Извори кои ја познаваат проблематиката ја потенцираат дилемата за тоа дали воопшто биле стари уништените инсулини. Тие за НОВА објаснуваат дека уништените инсулини биле од два добавувачи, а биле чувани во фрижидерите на „Зегин“како стокови резерви. Од причина што една година бил истечен договорот со Министерството за здравство за чување на инсулините, од „Зегин“(каде бесплатно ги чувале цела година) повеќе пати барале да бидат отстранети инсулините од кај нив. Но, потенцираат дека според законската процедура лековите од стоковите резерви постојано се обновуваат.
“Од причина што количината мора постојано да се обновува, тие не можат да бидат постари од 12 месеци и нелогично е инсулините да биле со стари рокови како што се тврди. Стоковите резерви постојано се заменуваат и нема можност да бидат пред истек на рокот или од пред 3 години, односно од 2016 година“. посочуваат извор за НОВА, кои се упатени во оваа проблематика.
Препукувањата на релација ВМРО ДПМНЕ и здравствените власти траат неколку дена, откако опозицијата излезе со прес конференција на која обвинија дека на 5 декември бил уништен инсулин во вредност од 1,5 милиони евра, шест месеци пред истекот на рокот.
По ова, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција вчера најави дека ќе го проверува случајот со уништените инсулини на Министерството за здравство, дека ќе се проверува потеклото на инсулините и процедурата на нивното уништување.
NovaTV / Dubai-Portal
Стотици луѓе низ целиот свет во изминатите месеци од оваа година, поминаа тешко поради многуте природни непогоди, во различни земји.
На првиот ден од годината, 15 лица загинаа, а десетици загуби во свлечиште во провинцијата „Јава“, западна Индонезија.
Во истиот месец, 34 луѓе загинаа во југоисточен Бразил, како резултат на падот на рударската несреќа, а стотици исчезнати.
Пет лица загинаа во Алжир(Algeria), откако беа однесени од вода во поплави во неколку градови во земјата, објави во саботата Алжирскиот орган за цивилна заштита.
На почетокот на март, американските власти соопштија дека најмалку 23 лица, од кои некои деца, починале откако голем број силни урагани ги напаѓале Џорџија(Goergia) и Алабама(Alabama).
И поројните дождови во Бразил во текот на истиот месец предизвикаа поплавување низ градот Сао Паоло, при што загинаа најмалку 12 лица, меѓу кои и четири од едно семејство.
Во средината на месецот, поплавите во индонезиската провинција Папуа загинаа најмалку 58 лица. Официјални лица изјавија дека десетици се повредени од поплавите, а десетици домови биле оштетени.
Ураганот „Идаи“, помина во центарот на Мозамбик и источен Зимбабве, при што загинаа повеќе од 200 луѓе. Властите во Мозамбик објавија дека најмалку 15.000 луѓе имаат потреба од помош од погодената област.
Северните и западните провинции во Авганистан претрпеа ненадејни поплави предизвикани од поројните дождови, при што загинаа 35 луѓе во рок од 24 часа, како и стотици домови и илјадници луѓе се раселени.
Жртвите на поројните поројни дождови што погодија 25 провинции во Иран од средината на март до почетокот на април, достигнаа 78, каде предизвикаа евакуација на 400.000 луѓе од нивните домови и уништија 40.000 домови.
Во јули, во поплавите во Јужна Азија загинаа повеќе од 100 луѓе за една недела во група земји во регионот. Најголем број загинати е регистриран во Непал, каде бројот на жртвите бил најмалку 67.
Филипинските власти објавија смрт на најмалку осум лица и повредени десетици, по два последователни земјотреси што ги погодија островите на северот на земјата, со јачина од 5,4 и 5,9, соодветно, според Американскиот институт за геофизика.
Во август 11 лица загинаа во огромни поплави што го погодија градот во провинцијата „Тараудант“(Taroudant), во јужниот дел на Мароко, како резултат на обилните дождови во регионот.
Најмалку 50 луѓе загинаа, а десетици се повредени на Бахамите во Карипското Море по преминот на ураганот „Доријан“, кој го погоди островот предизвикувајќи голема штета, се смета за најтежок во историјата на овој туристички архипелаг. И Обединетите нации сметаат дека околу 70.000 луѓе биле погодени од штетата предизвикана од ураганот.
Во септември, шпанските власти објавија смрт на шест лица и евакуација на илјадници лица по дводневните поплави во југоистокот на земјата. Рекордни врнежи од дожд беа забележани во последните неколку дена, предизвикувајќи поплавување на многу реки.
Бројот на жртви на дожд и поројни дождови кои ги погодија сојузните држави „Утар Прадеш“(Uttar Pradesh) и „Бхар“(Bhar) северно и источно Индија, изнесува најмалку 120 лица.
Во октомври, Тајфунот „Хагибис“(Hagibis), кој ја погоди Јапонија во придружба на невидени поројни дождови, уби 56 луѓе, според националниот радиодифузер ХНК. Повеќе од 100.000 хуманитарци, вклучително и 31.000 војници, учествуваа во спасувачките операции.
Во ноември, Обединетите нации соопштија дека поројните дождови однеле животи на најмалку десет лица, раселиле повеќе од 270.000 луѓе во Сомалија и ја уништиле инфраструктурата во земјата во „Рогот на Африка“(Horn of Africa)
Бенгалската и индиската власт евакуираа повеќе од 450.000 луѓе од крајбрежните села и острови поради циклонот „Булбул“ што ги премина од саботата навечер, придружуван од силни ветрови. Циклонот остави најмалку шест лица загинати во Бангладеш и три други во Индија, додека по голем број исчезнати лица сè уште се трага во двете соузни држави.
Силен земјотрес ја погоди Албанија, при што загинаа најмалку 51 лица, а повредени се околу 2000. Земјотресот, кој беше најсилен во последните децении во земјата и беше со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала, предизвика голема материјална штета и пропаѓање на неколку згради чии жители беа заробени под урнатините.
Властите соопштија дека поплавите убиле 39 лица во вторникот во „Киншаса„(Kinshasa), главниот град на Демократска Република Конго.
Пет лица загинаа, а повеќе од 300 повредени во земјотрес во северозападен Иран, кој уништи десетици домови.
Силно невреме и дождови убиле најмалку 11 лица, вклучувајќи спасувачи и загуба на неколку лица во јужна Франција, соопштија властите.
Во декември, полицијата во Нов Зеланд објави дека околу 13 лица загинале во ерупција на вулкан на „Белиот Остров„(White Island.). Меѓу загинатите имало туристи и туристички водичи, а полицијата во Нов Зеланд објави дека 8 лица се уште се водат како исчезнати.
Dubai-Portal
СКОПЈЕ (АА) – Бошњаците од Северна Македонија го осудија доделувањето на Нобеловата награда за книжевност на контроверзниот австриски писател Петер Хандке, негаторот на геноцидот извршен во „заштитената зона на Обединетите нации” во Сребреница, во 1995 година, јавува Агенција Анадолија (АА).
Бошњачкиот демократски сојуз (БДС) во писмена изјава за АА истакнува дека тие како бошњачка политичка партија доставиле барање до Владата на Северна Македонија со кое побарале македонската делегација да не присуствува на доделувањето на Нобеловата награда во Стокхолм, Шведска.
„Владата на Северна Македонија го уважи нашето барање и ја користиме оваа можност јавно да се заблагодариме како во името на нашата партија, така и во името на Бошњаците од Северна Македонија“, се вели во реакцијата на БДС.
„Би сакале да искажеме длабоко разочарување што Комитетот за доделување на Нобеловата награда ја додели оваа награда на Петер Хандке иако многумина истакнати поединци, научни работници, институции и други, укажуваа дека оваа награда не смее да му биде доделена. Навистина е непримерно оваа награда да му се додели на овој (не)човек, кој го негира геноцидот во Сребреница и кој активно и ден-денеска ја поддржува политиката што ја водеше најголемиот злосторник од овие простори, Слободан Милошевиќ“, стои во реакцијата на БДС.
„Нобеловата награда од денес не е веќе она што била и што претставувала досега“, сметаат од БДС и истакнуваат: „Системот на вредности е нарушен и можеме слободно да кажеме дека по овој настан веќе ништо не е исто.“
Од Бошњачкиот национален совет (БНС) на Северна Македонија во изјава за АА го осудија доделувањето на, како што истакнуваат, највисокото признание за книжевност на Петер Хандке.
„Бошњачкиот национален совет во Северна Македонија го осудува овогодинашното доделување на највисокото признание за книжевност на Петер Хандке, личноста која јавно го негира извршениот геноцид на тлото на Европа и јавно го слави осудениот идеолог на сите крвави настани на територијата на поранешна Југославија, додека раните се отвораат кога се пронаоѓаат лешовите на убиените и се закопуваат во Поточари секоја година, кога одновно се потсетуваме на страотните масакрирања на Бошњаците на тлото на Босна оваа награда е сол на раната и разочарување кое одново го доживуваме од многу европски институции кои и понатаму се обидуваат да го релативизираат геноцидот и да ги поистоветат злосторниците со жртвите“, се истакнува во реакцијата на БНС.
Исто така, во врска со доделувањето на Нобеловата награда на Хандке, преку изјава за АА реагираше и здружението Бошњачки истражувачки центар „Лилиум Босниакум“ од Скопје.
„Доделувањето на Нобеловата награда на Хандке значи оправдување на воените злосторства сторени за време на распадот на Југославија од страна на Нобеловиот комитет.
Ние како припадници на бошњачката заедница ова го доживуваме како директна навреда и атак на жртвите на геноцидот во Сребреница и на жртвите од агресијата на БиХ“, се вели во реакцијата на Бошњачкиот истражувачки центар „Лилиум Босниакум“.
„Со доделувањето на наградата од страна на кралот Карл Густаф 16 на австрискиот писател Петер Хандке, кој го негираше геноцидот во Сребреница во кој беа убиени над 8.000 Бошњаци, и кој отворено го поддржуваше српскиот национализам и Слободан Милошевиќ за време на војните во поранешна Југославија во 1990-ите години, оваа реномирана институција го губи својот углед и време е сериозно да ги преиспита своите критериуми за доделување на Нобеловата награда“, истакнуваат од ова здружение додавајќи: „Нобеловиот комитет ја разочара широката светска јавност која остро се спротивстави преку организирани граѓански протести и бојкот на доделувањето на наградата на Хандке од страна на балканските држави.“
„Како што изјави босанскиот писател Аднан Махмутовиќ: ’Геноцид не е настан туку процес, чија последна фаза е негирањето. Да не дозволиме тоа да биде легитимирано од наследството на Нобел‘. Дали следната година да очекуваме и доделување на Нобеловата награда на некој којшто го негира холокаустот?“, реагираат од Бошњачкиот истражувачки центар „Лилиум Босниакум“.
Во изминатите денови Косово, Албанија, Турција и Хрватска реагираа поради доделувањето на Нобеловата награда за книжевност на контроверзниот австриски книжевник Петер Хандке и соопштија дека нема да учествуваат на церемонијата за доделување на Нобеловата награда во Стокхолм.
Во сенка на критиките и на протестите, во Концертната куќа во Стокхолм вчера се доделени Нобеловите награди за 2019 година.
Доделувањето на Нобеловата награда на Хандке, во Косово и во регионот предизвика бројни негативни реакции, а одржан е и протест пред Амбасадата на Шведска во Приштина.
AA / Dubai-Portal
Нови девет, кратки прислушувани разговори се објавени на „Ју Тјуб“ каналот „U6e Big“ поврзани со случајот „Рекет“. Со претходно објавените седум, сега на интернет се поставени вкупно 16 аудио разговори каде се слуша глас кој наликува на бизнисмен сведок во случајот „Рекет“ но и осомничен во истрагата „Империја“ на СЈО. Последните аудио записи се објавени денеска. Во дел од нив се слушаат разговори на машки лица. Муабетат дека во „Луј Витон“ чантата има ГПС локатор но и се слуша глас кој кажува дека скапата торба полна со евра не завршила кај премиерот Зоран Заев. Дополнително истиот глас за кој се претпоставува дека е на познатиот бизнис магнат осомничен за перење пари во „Империја“, констатира дека од куќен притвор ги пуштил Врховен или како што вели, „Јово не пушти“.
И додека во последниве четири дена, анонимно се објавија нови разговори поврзани со случајот „Рекет“, обвинителството убедува дека истражуваат – кој ги објавил разговорите и од каде, кој се крие зад профилот на „Ју Тјуб“. Дополнително се проверува дали во снимките има елементи на кривично дело.
„Откако ќе биде прибран и анализиран доказниот материјал, Обвинителството ќе донесе одлука дали и кое лице ќе биде повикано да даде исказ пред обвинител, за што во моментот е прерано да се зборува“, велат од ОЈО.
Пред овие ауди записи, јавноста преку италијанскиот десничарски весник „Ла Верита“ се запозна со начинот на кој Боки 13 и Зоран Кичеец земале пари од Орце Камчев. Весникот објави видео материјал од куќата на бизнисменот. Досега обвинителството нема одговор како доказите кои ги доставил Камчев до нив за земениот милион завршија во јавноста а самиот тој негираше дека ги дал на „Ла Верита“. Во „Рекет“ обвинети се Боки 13 и Катица Јанева, а трето обвинетиот Зоран Милевски – Кичеец призна вина и доби три години затвор.
Alsat-M / Dubai-Portal
ДИЈАРБАКИР (АА) – Терорист на ПКК се сретна со своето семејство на судскиот процес што се води против него во југоисточна Турција, јавува Агенција Анадолија (АА).
Џафер Џејлан беше убеден да го положи оружјето и да се предаде на турските безбедносни сили, кои соработуваа со неговото семејство, во југоисточната област Дијарбакир.
Семејствата од 3 септември започнаа со протести пред седиштето на опозициската Народна демократска партија (HDP) во Дијарбакир.
Една од жените, Февзије Четинкаја, посведочи дека нејзиниот син е насила регрутиран од страна на терористите на ЈПГ/ПКК со помош на членовите на партијата ХДП, која властите ја товарат за поврзаност со терористичката организација.
Оттогаш, бројот на семејства кои протестираат расте, а нивните барања се исти, враќање на нивните деца, кои биле измамени или киднапирани од терористите на ПКК.
Хатиџе Џејлан, мајката на Џафер Џејлан, им се приклучила на протестите на 8 октомври поради нејзиниот син, кој бил киднапиран пред четири години, кога имал само 15 години.
Дознавајќи дека неговата мајка се приклучила кон протестите, Џафер Џејлан одлучува да избега од редовите на терористичката организација и да дојде до своето семејство.
Според соопштението на турското Министерство за внатрешни работи од 26 ноември, распаѓањето на ПКК е забрзано и благодарение на успешните антитерористички операции во рамките на Турција и надвор од неа.
Во соопштението се додава дека значителен број терористи започнале да ги напуштаат редовите на ПКК и да се предаваат. Во 2019 година на турските безбедносни сили им се предале над 235 терористи.
Терористите по предавањето не се третираат лошо, им се пружаат многу можности, меѓу кои и образование, живот без страв и опресија, можност да контактираат со семејствата, како и основна правна помош. Турската држава нуди програма со цел да обезбеди нивно интегрирање во општеството.
Според сведоштвата на терористите, водачите на терористичката група ПКК ги ризикуваат животите на другите терористи за да ги спасат своите животи и им се закануваат со измачување на оние што планираат да се предадат.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.
АА/ Dubai-Portal
Северна Кореја повторно го навреди американскиот претседател Доналд Трамп, нарекувајќи го „невнимателен и дрзок старец“.
Навредата дошла откако Трамп напиша на Твитер дека лидерот на Северна Кореја Ким Јонг-ун(Kim Jong-un) сигурно не сакал да ги наруши посебните односи меѓу двајцата лидери и со тоа да влијае на претседателските избори во САД.
„Ким Јонг-ун има премногу за да изгуби“
Висок официјален претставник на Северна Кореја, Ким Јонг Чол, кој учествуваше во разговорите за денуклеаризација, рече дека неговата земја нема да попушти на американскиот притисок затоа што нема што да изгуби, пренесува АП.
Трамп во неделата напиша на Твитер дека „Ким Јонг-ун е премногу паметен и има премногу за да изгуби, всушност сè, ако се однесува на непријателски начин“.
„Северна Кореја има огромен економски потенцијал, но мора да изврши денуклеаризација … Ким Јонг-ун не сака да ги наруши своите специјални односи со претседателот на Соединетите држави или да се меша во претседателските избори во САД во ноември“, додаде Трамп.
„Можеби ќе почнеме да го нарекуваме штрк“
Ким Јонг-чол(Kim Yong-chol) изјави дека твитовите на Трамп јасно ставија до знаење дека тој е иритиран старец „лишен од трпеливост“.
„Со оглед на тоа што Трамп е толку невнимателен и дрзок старец, може да има време кога ќе почнеме да го нарекуваме штрк“, рече Ким Јонг-хол.
“Трамп не знае премногу за Северна Кореја. Ние повеќе немаме што да изгубиме. Ако Америка ни земе нешто, тоа не може да ни го одземе чувството за самопочитување, моќ и огорченост кон Соединетите држави”, додаде тој.
Кавга околу тестирањето на ракетата на Северна Кореја
Како посеување, Доналд Трамп изјави дека лидерот на Северна Кореја Ким Јонг-ун ризикува да изгуби „сè“ ако тој продолжи со непријателските дејствија и дека неговата земја мора да се денуклелизира, откако Пјонгјанг објави дека извршила „успешен тест од големо значење“.
Пјонгјанг извести дека севернокорејската војска спровела „многу важен тест“ во саботата на ракетен фрлач „Соха“.
По опасниот пораст на тензиите, Соединетите држави и Северна Кореја започнаа дијалог по историската средба на двајцата лидери, во јуни 2018 година, во Сингапур.
Но, вториот самит во Ханој во февруари не успеаа да дојдат до заеднички договор и оттогаш преговорите престанаа.
Претседателот Трамп во саботата изрази задоволство од неговите многу добри односи со водачот на Северна Кореја.
„Мислам дека обајцата сакаме да остане на тој начин. Тој знае дека изборите ме чекаат“, рече тој, додавајќи дека би бил изненаден што Северна Кореја ќе постапи непријателски.
Dubai-Portal / The New York Times