Во овие средни училишта во Турција можат да влезат сите ученици кои завршиле основни училишта во овие шест балкански земји. Оваа можност ја имаат учениците кои се родени по 1 јануари 2006 година и кои не се државјани на Турција и чии родители немаат двојно државјанство кое вклучува турско.
– Продолжуваме со заеднички напори да обезбедиме квалитетно образование – изјави по потпишувањето на протоколот во јуни годинава, министерот за образование на Турција, Махмут Озер. Како што рече, сега децата и младите од земјите на кои им е блиску можат да доаѓаат во овие училишта и да се стекнат со стручно образование, а воедно ќе дадат многу важен придонес за Турција во јавната дипломатија на долг рок.
– Важен е и минатиот успех на учениците, а ние претпочитаме тоа да бидат ученици кои основно образование го завршиле со најмалку 70 бода во системот на оценување од 100 бодови. Исто така, тоа важи и за учениците кои завршиле основно училиште пред не повеќе од две години – изјави Фарук Берат Акчешме, советник за образование во Амбасадата на Република Турција во Сараево.
Пријавувањето ќе трае од 12 до 19 септември. Писмениот дел од испитот ќе се одржи на 22 септември, а усниот од 22 до 23. Резултатите ќе бидат објавени на 24 септември, а почетокот на школувањето е од 17 октомври. Заинтересираните можат да ги испратат сите дополнителни прашања на е-поштата: info@turkiyeburslari.gov.tr или да се обратат во Канцеларијата на советникот за образование при Амбасадата на Република Турција во Сараево.
