Министерството за национална одбрана на Турција соопшти дека во рамките на испораката на опремата на рускиот систем за одбрана „S-400“, десеттиот авион слета во воздухопловната база „Муртед“, во близина на Анкара, пренесува Anadolu Agency (AA).
Министерството за национална одбрана на Турција преку својот профил на Твитер истакна дека продолжува испораката на опремата за системот за воздушна и ракетна регионална одбрана со долг дострел „S-400“.
„Во рамки на испораката на опремата, десеттиот авион слета во воздухопловната база „Муртед“, во близина на Анкара“, објавено е на профилот на Твитер, и споделена е фотографија од авионот.