Македонија
Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) од синоќа на полноќ поскапеа за денар по литар, бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 за 0,50 денари, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 2,50 денари по литар, одлучи вчера Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.
Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 изнесува 110 денари за литар, а 112 денари на ЕУРОСУПЕР БС – 98. Литар ЕУРОДИЗЕЛ БС чини 102 денари, а Естра лесно 1 (ЕЛ-1) ќе се продава за 99,50 денари.
Ова се највисоките цени на горивата досега во Македонија, и сите цени се троцифрени.
Се зголеми и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, за 0,868 ден/кг и килограм се продава за 55,508 денари.
Малопродажните цени на нафтените деривати во просек се зголемени е за 1,30 проценти во однос на одлуката од 3-ти месецов.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 1,179 проценти, кај дизелот за 1,697 проценти, кај екстра лесното масло за 1,673 проценти и кај мазутот зголемувањето е за 0,482 проценти.
„Tv 21“
Проф. д-р Георгиевска: „Страшно е што лекари со огромно искуство се испраќаат во пензија“
За последните случувања во здравството кога на искусни лекари и професори по навршувањето на годините за пензионирање не им се дозволува да продолжат со работа за што постои законска можност, се осврна проф. д-р Љубица Георгиевска – Исмаил од Клиниката за кардиологија.
„Страшно е што кај нас здравството што беше на колена после пандемијата да се случува лекари со над 35 годишно искуство, со специјализации, субспецијализации да бидат испратени во пензија. Од разговори со колегите не можеме да дефинираме што стои во заднината и што е во заднината на овој пеколен план. Кога ќе не прашаат кој може да профитира од вакви професионалци, веднаш се наметнува одговорот – приватното здравство. Дали моменталните приватни клиники или некои во основање што би ги привлекле овие реномирани лекари и професори“, изјави проф. д-р Љубица Георгиевска – Исмаил.
Таа додава дека нејзината реакција и на колегите не се однесува на тоа дека во здравството не треба да се вработуваат и млади докторски кадри, но потребно е и искуство за добра здравствена нега на пациентите.
„Втора работа е личната пресметка која се наметнува од мојот пример и тоа е еклатантно. Некаде нема недостаток на кадри, а во некои клиники има слободни места за млади кадри. Непојмлива е оваа гротесктна промена на генерациите, во пензија да испратите луѓе со 36 и повеќе години искуство, а да задржите некој кој нема факсимил да се потпише и да ги лекува пациентите. Значи не е проблем да се вработуваат младите, има место за такви луѓе еве и на мојата клиника. Но тој млад лекар за да ја практикува медицината соодветно, а ние сме обврзани за тоа со Службен весник, да практикуваме медицината базирана на докази која се темели на искуството на докторот“, вели проф. д-р Љубица Георгиевска – Исмаил.
„Sloboden pecat“
Културата и туризмот ќе бидат во фокусот на иницијативата „Отворен Балкан“ што денеска и утре ќе се одржува во Охрид.
За денеска е предвидена работна вечера на премиерите на Македонија и на Албанија, Димитар Ковачевски и Еди Рама, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ и претседателот на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Зоран Тегелтија.
Според агендата, за утре се предвидени официјални обраќања на Самитот, а видео обраќања треба да имаат и еврокомесарот за соседска политика и проширување, Оливер Вархеји и заменик помошникот државен секретар и специјален пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар.
На пленарната сесија „Отворен Балкан – отворен туризам“ се предвидени обраќања на вицепремиерот задолжен за еконоски прашања, координација на економските ресурси и инвестиции Фатмир Битиќи, министерот за економија Крешник Бектеши, министерката за туризам и животна средина на Албанија Мирела Кумбаро Фурџи и министерката за трговија, туризам и телекомуникации на Србија Татјана Матиќ. Свои ставови ќе споделат претставниците на стопанските комори, а можност за дебата ќе имаат и директори на институции, тур-оператори, хотелиери, итн.
На пленарната сесија посветена на Отворена култура на Отворен Балкан ќе се обрати вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, како и министерките за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и Елва Маргарити и вицепремиерката и министер за култура и информации на Маја Гојковиќ.
Можност за дискусија ќе имаат претставници на културни институции, директори, културни работници, продуценти, итн.
На крајот од Самитот е предвидено да бидат потпишани договор за соработка на Западен Балкан за меѓусебно признавање дипломи и научни оценки издадени во високообразовни установи и други овластени институции и меморандуми за разбирање за соработка во областа на туризмот, културата и даночната администрација.
Иницијативата „Отворен Балкан“ предвидува слободно движење на капитал, стоки, услуги и луѓе меѓу земјите-членки.
Nova Tv
РКЕ со презентација на анализата за реформа на тарифниот систем за електрична енергија
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) денеска ќе одржи јавна трибина на која ќе бидат презентирани заклучоците од анализите на предложената реформа на тарифниот систем за електрична енергија, подготвени од Факултетот за електротехника и информациски технологии и Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј “.
Од РКЕ информираат дека сите дилеми кои потрошувачите ги имаат и ги доставиле во однос на скалесто тарифирање се земени во предвид во анализите.
„Главната цел на воведување на скалестото тарифирање е да се формираат блок тарифи што ќе стимулираат намалување на потрошувачката на електрична енергија во текот на високата дневна тарифа, а ќе стимулираат поголема потрошувачка во ноќната ниска тарифа, и со тоа да се обезбеди заштита на домаќинствата чија потрошувачка на електрична енергија е во рамки на просечната потрошувачка во државата. Со ваквиот начин на тарифирање ќе се обезбеди фер пристап, односно оние коишто трошат значително поголеми количини на електрична енергија од просечната потрошувачка, ќе плаќаат и повисока цена за истите“, велат од РКЕ.
Оттаму посочуваат дека блок тарифите ќе се применуваат само во периодите на високи дневни оптоварувања (7 до 22 часот), додека во периодите во ниски дневни оптоварувања (22 до 7 часот) и недела ќе се применува иста цена.
Nova Tv
Министерството за внатрешни работи ќе вработува 600 полицајци – огласот е во тек
Во Секторот за внатрешни работи Скопје се бараат 100 полицајци, Струмица, Охрид, Битола, Велес и Куманово по 40, додека, во Сектор за внатрешни работи Тетово – 60, а во Штип 70. По 40 полицајци се бараат и во Регионалните центри за гранични работи Запад, Југ и Исток, додека, во Регионалниот центар за гранични работи Север се бараат 50 полицајци.
1. Кандидатите треба да ги исполнуваат следните општи услови:
– да е државјанин на Република Македонија;
– да е полнолетен, а да не наполнил 25 години живот ако за првпат заснова работен однос на работно место во Министерството за кое е предвидено средно образование;
– активно да го користи македонскиот јазик и неговото кирилско писмо;
– со безбедносна проверка да е утврдено дека не постои безбедносен ризик од вработување на кандидатот;
– да има завршено најмалку четиригодишно средно образование;
– да е здравствено и психофизички способен;
– со правосилна пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност;
– да не е член на политичка партија или член на органи и тела на политичка партија и
– да има положено тест за интегритет.
2. Кандидатите треба да ги исполнуваат следните посебни услови:
– потребна телесна висина од најмалку 175 см. (маж), односно 165 см. (жена)
– висока лична физичка подготвеност.
3. Заинтересираните кандидати задолжително да достават докази за исполнување на потребните услови за работното место, во оригинал или копија заверена на нотар и тоа:
– извод од матична книга на родените,
– диплома за завршено четиригодишно средно
– две фотографии, со димензии 3,5 см х 4,5 см.
Кон пријавата, кандидатот задолжително доставува своерачно потпишана изјава со која потврдува дека истиот не е член на политичка партија или член на органи и тела на политичка партија.
Пријавата со потребната документација, кандидатот е должен да ја поднесе ЛИЧНО во едно од определените места за пријавување, и тоа:
– Сектор за внатрешни работи Скопје:
– Полициска станица од општа надлежност-Гази Баба,
– Полициска станица од општа надлежност-Бит Пазар и
– Полициска станица од општа надлежност-Карпош.
– Сектор за внатрешни работи Битола;
– Сектор за внатрешни работи Велес;
– Сектор за внатрешни работи Куманово;
– Сектор за внатрешни работи Тетово;
– Сектор за внатрешни работи Охрид;
– Сектор за внатрешни работи Струмица,
– Сектор за внатрешни работи Штип.
При поднесување на пријавата кандидатот го наведува бројот на организациската единица за работно место за кое се пријавува согласно точка I од огласот.
Кандидатот е должен при поднесување на потребните документи, со себе да носи лична карта или пасош за идентификација.
Потребната документација од точка 3, кандидатите ја доставуваат секој работен ден во определениот рок, во текот на работното време (08,00-16,00 часот).
4. При поднесување на пријава кандидатот потпишува изјава за доброволно пристапување кон селекција за избор на кандидат за полицаец со неможност за барање на отштета од Министерството во случај на повреда за време на спроведување на селекцијата.
5. Постапката за селекција на кандидатите ја спроведува Комисија за избор на кандидат за полицаец формирана од страна на министерот која го определува редоследот на фазите за селекција. Селекцијата се спроведува во следните фази:
– Административна селекција на поднесената документација (утврдување на навременост и потполност на поднесената документација, како и исполнетост на пропишаните услови);
-Проверка на моторички способности (за мажи: најмалку 9 „склекови“ во интервал од 10 секунди, најмалку 16 „стомачни подигања“ во интервал од 30 секунди, „скок во далечина од место“ со минимална должина на скокот од 220см, „спринт на 20 метри“ за најмалку 3,35 секунди, „спринт на 100 метри“ за најмалку 15 секунди и „трчање на 1500 метри“ за најмалку 5,25 минути и за жени: најмалку 6 „склекови“ во интервал од 10 секунди, најмалку 12 „стомачни подигања“ во интервал од 30 секунди, „скок во далечина од место“ со минимална должина на скокот од 160см, „спринт на 20 метри“ за најмалку 3,50 секунди, „спринт на 100 метри“ за најмалку 18 секунди и „трчање на 800 метри“ за најмалку 3 минути, и други физички проверки определени од страна на Комисијата),
-Психолошко тестирање (тест за интегритет и психолошки тест)
-Писмено тестирање (општо – образовен тест),
-Интервју (поединечен устен разговор со пријавеното лице),
-Безбедносна проверка и
-Здравствени прегледи (проверка на здравствените и психофизичките способности на кандидатите).
6. За пријавените кандидати се врши безбедносна проверка врз основа на нивна претходна писмена согласност. Доколку лицето ја одбива безбедносната проверка, се смета дека не ги исполнува условите за засновање на работен однос во Министерството.
7. Здравствените прегледи во постапката за селекција за проверка на здравствените и психофизичките способности на кандидатите се утврдуваат од страна на Здравствена комисија формирана од министерот за внатрешни работи.
8. При спроведување на селекцијата на пријавените кандидати им се овозможува под еднакви услови да ги демонстрираат своите способности, независно од полот, расата, бојата на кожата, националното и социјалното потекло, верско уверување, имотна и општествена положба.
9. По спроведената постапка за селекција, избраните кандидати за полицаец склучуваат договор за основна обука за полицаец во времетраење од 1 (една) година, која ќе се спроведе во Центарот за обука во Министерството за внатрешни работи и на истата се упатуваат за 10% поголем број кандидати за полицаец од бројот на слободни места за кои е распишан овој оглас, односно во Центарот за обука ќе бидат упатени вкупно 660 кандидати.
10. По завршување на основната обука Министерството за внатрешни работи и кандидатот за полицаец, кој ја завршил основната обука за полицаец и кој врз основа на постигнатите резултати соодветно е внесен во ранг листата склучува Договор за вработување во Министерството, со кој кандидатот за полицаец се стекнува со статус „полицаец – приправник”.
Со договорот за вработување се уредуваат меѓусебните права и обврски и се утврдува дека полицаецот е должен да остане на работа во Министерството најмалку пет години сметано од денот на склучувањето на договорот за вработување. Во спротивно, истиот е должен да ги надомести трошоците направени за неговата обука зголемени за три пати.
11. Рокот за доставување на пријавите изнесува 15 (петнаесет) дена, сметано од наредниот ден од денот на објавување на јавниот оглас (не сметајќи го денот на самото објавување).
12.Ненавремената и непотполната документација нема да се разгледува.
Nova Tv
Претходната недела имало драстично покачување на цените на основните и неосновните продукти за јадење и пиење. До ова сознание дошле од Ценометар.мк, кои објавија седум продукти со најголемо покачување на цените, меѓу нив на првата позиција е маслото за јадење на седмата пивото.
1. Масло за јадење: 20 – 25 денари!
2. Шеќер: 5 – 8 денари
3. Брашно: 6 – 9 денари
4. Млеко: 6 – 9 денари
5. Ориз: 5 – 7 денари
6. Грав: 5 – 10 денари
7. Пиво: 5 -10 денари
Но покачување на цените имало и кај поголем број неосновни производи, за што од Ценометар.мк забележуваат дека тоа било константна појава.
Nova Tv
Ахмети на 20-годишнината на ДУИ: Кој е спремен за уште 20 години нека се строи зад мене
Демократската Унија за Интеграција денес во Скопје ја одбележа 20-годишнината од формирањето како политички субјект. Во својот говор партискиот лидер Али Ахмети рече ДУИ постигнала голем успех во интеграцијата на Албанците во Македонија.
„Имаме целосна интеграција во општините, во Владата, во Собранието, во администрацијата, во полицијата од некогашните 170 полицајци сега се над 2.000, во армијата од 65 сега се над 2.000, во администрацијата од 2 отсто сега се над 21 отсто, па се до највисокото раководство на сите државни институции со целосна одговорност“, рече Ахмети.
Овој 20 годишен јубилеј е посветен на следните две децении и затоа кој е спремен и подготвен за ова патување, нека го врзе појасот и нека се строи зад мене, порача Ахмети.
„На нашите две децении постоење вчера и завчера им се радуваа десетици илјади граѓани на плоштадите во Скопје и Тетово, со силни и издржани причини: мирот, помирувањето,спроведувањето на Охридскиот договор, еднаквоста и правдата, консензуалната демократија, внатрешната, регионална и евро-американска интеграција како и иднината, зелената агенда“, дополни тој.
Мирот и помирувањето во нашата земја беа постигнати во соработка со македонските политички партии, вели Ахмети, со преземање заедничка одговорност за спроведување на Охридскиот договор и постигнување конечно помирување меѓу заедниците.
Ахмети го поздрави признавањето на автокефалноста на Македонската православна црква, со кое рече, се затвори уште еден важен спор за нашата земја.
„Мора да работиме на позитивен епилог со нашиот сосед Бугарија за нашиот билатерален спор и да го стесниме просторот за дејствување на злонамерни агенди во земјата и регионот, кои не се совпаѓаат со нашите западни дефиниции. Итното затворање на овој спор ќе биде од корист за бугарската заедница во нашата земја, регионот и Европа, но секогаш без да се загрози националниот и јазичниот идентитет на моите сограѓани“, порача Ахмети.
Тој повика и на национален фронт против корупцијата. „Ги повикувам сите учесници во општеството, политичари, институции, медиуми, невладини организации, судство и обвинители, да отворат национален фронт против корупцијата и да ја искоренат, не со зборови, пропаганда и клевети, туку со конкретни обвиненија, без лов на вештерки“, рече тој во својот говор.
(С.К.)/НоваТВ
Македонија, Црна Гора,и Бугарија забранија прелет на авионот на Лавров пред посетата на Србија
Македонија, Црна Гора, и Бугарија го забранија прелетувањето на авионот со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров кој утре ќе го посети Белград, потврдија неофицијални извори од државниот врв на Србија.
Воедно, од кабинетот на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, соопштија дека утре во 10 часот ќе се сретне со рускиот амбасадор во Белград, Александар Бочан-Карченко.
Да потсетиме, премиерката Ана Брнабиќ денеска изјави дека ситуацијата околу доаѓањето на министерот Лавров во Белград е „исклучително комплицирана“ и дека претседателот Вучиќ се занимава со логистиката на неговото патување. – Навистина е неверојатно ситуацијата во Европа и во светот да е таква што претседателот на една земја треба да се занимава со такви работи, како што е логистиката на патувањето на шефот на дипломатијата, што одредува дали ќе дојде или не – изјави Брнабиќ за Пинк. ТВ и додала дека имало проблеми со „прелети“, пишува Danas.rs.
Вучиќ пред два дена изјави дека посетата на Русинот Лавров е веќе закажана, а исходот од посетата е неизвесен додека не се случи. – Можно е се да биде во ред, а можно е и да не биде. Дали се е закажано, се е закажано – рече Вучиќ.
На 05.06.2022 (недела) во времето од 18.00 часот до 20.00 часот, ќе се одржи ревијална трка „Вози право, вози здраво“ со старт од Порта Македонија, десно долж ул.„Димитрие Чуповски“, десно по ул.„Даме Груев“, право по бул.„ВМРО“ до крстосница со бул.„Илинден“, лево по бул.„Илинден“ до крстосница со ул.„Наум Наумовски Борче“ – Градски парк кај споменикот на Гоце Делчев. Од тие причини Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе превземе мерки за посебен режим на сообраќајот по горенаведените улици, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.