Премиерот на Република Турција Бинали Јилдирим денес се сретна во Анкара со македонскиот колега премиерот Зоран Заев, пренесува Анадолу Агенцијата.
Шефот на македонската влада допатува во офиицјална посета на Анкара, а турскиот колега Јилдирим му приредил свечен дочек со најголеми државни почести.
После интонирањето на националните химни и официјалниоѕ дел од приемот, премиерот Јилдирим и Заев го започнале билатералниот состанок во палатата Чанкаја, а потоа ќе присуствуваат и на состанокот со проширената делегација на двете земји.
Јакнењето на билатералните односи и регионалните теми ќе бидат на дневен ред од средбата на Заев со турските представници.
Исто така подоцна се очекува премиерот Заев да одржи средба и со Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.