Регионалниот пат Р-2332 Ресен – Охрид (преку Галичица) е отворен за сообраќај. Препорака до возачите да пристапуваат внимателно на овој патен правец поради можната појава на помали одрони, соопштија од АМСМ.
Македонија
На крстосницата од улицата „Железничка“ со улицата „Будва“ во Охрид, патничко возило „опел“ управувано од В.Н.(34) од Охрид вчера удрило во велосипед управуван од Е.А.(71), при што велосипедистката се здобила со тешки телесни повреди.
Од МВР информираат дека по незгодата велосипедистката е пренесена во Општа болница Охрид за укажување на лекарска помош.
Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Охрид.
На 19.06.2021 во 02.45 часот во Полициска Станица Крива Паланка е пријавено дека во Затвор „Кшање“, во отвореното одделение, бил пронајден починат затвореникот М.Ј.(58) од с.Старо Нагоричане, кумановско.
По насока на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.
Во организација на Локалната самоуправа Кавадарци и Меридијан Атлетик Еко клубсиноќа се одржа Третиот Кавадаречки Ноќен Полумаратон.
Според учениците ноќниот полумаратон минал во беспрекорна организација.
Ноќната трка стартуваше во 20.00 часот, се одвиваше во Централното градско подрачје а се трчаше на три дистанци на 5, 10 и 21 км. и учествуваа околу 350 тркачи од земјата и странство.

Настанот и учесниците ги поздрави лично еден од најдобрите градоначалници во македонија, првиот човек на општина Кавадарци градоначалникот Митко Јанчев.
„Kanal5“
Општина Јегуновце без менаџирање на отпадот – на влезот на селата ќе ве „пречекаат“ диви депонии
„Наместо табла за добредојде на секој влез на селата од општина Јегуновце, ќе ве пречека ваква депонија а ова се случува бидејќи оваа општина нема претпријатие за менаџирање на отпадот.“, јавува репортерот на ТВ21.
Општина Јегуновце никогаш до сега немала претпријатие за менаџирање со отпадот, а пред една година го ставила под стечај здружението кое ги менаџирало отпадните води и водоводот. Оттогаш наваму не е отворено некое јавно претпријатие.
Претседателот на општинскиот совет, Орхан Сабриј, вели дека е преземена иницијатива за основање претпријатие, но процедурите се уште не се поминати во Советот.
„Во моментов нема, основањето на претпријатието е во тек, порано општината имала здружение за менаџирање на водата а минатата година со одлука на советот го затворивме за да се отвори јавно претпријатие за менаџирање на отпадните води, водоводот и отпадот во општина Јегуновце. Општината има договор со приватната компанија која го собира отпадот на општинско ниво а исплатата ја вршат граѓаните во приватната компанија.“, вели Орхан Сабриј.
Неколкупати се обидовме да исконтактираме и со градоначалникот, Дарко Блажевски, но тој неколку дена не е достапен за изјава. Полог не е единствена општина која не го собира сама отпадот, но е единствена досега која нема јавно претпријатие.
[embedyt] https://www.youtube.com/watch?v=556_34OHOAw[/embedyt]
Tv „21“
Просечната плата од 250 евра во тексилството и уште пониската во кожарството не се атрактивни за учениците од основните училишта. Ни најавата за државни стипендии не го наполни средното текстилно учлилиште во Штип.
Во првиот уписен рок се пријавиле само десетина ученици. Поради пандемијата и малиот број завршени основци ги нема учениците од други градови. Иако наставните програми се прилагодени на потребите на бизнисот, речиси воопшто нема интерес за насоката изработувачи на облека.
Малиот интерес е лоша вест за текстилството бидејќи на истокот се сместени 40% од текстилните фабрики во државата. Бизнисот со години се жали дека нема работници. Недостигаат од сите профили, а се повеќе млади и образовани кадри ја напуштаат државата.
„Корона кризата го стопираше проблемот со недостаток од работници, но кога економијата ќе се опорави тој проблем пак ќе се јави. Има голем расчекор од она што се бара и она што се нуди, потребно е подобро насочување во образовниот процес“, смета Ангел Димитров од Организацијата на работодавачи.
[embedyt] https://www.youtube.com/watch?v=yVEPd_r2iGU[/embedyt]
Сепак иако ученици има помалку за некои насоки има голем интерес. Повеќе ученици од предвидените слободни места се пријавиле на информатика. Причина, велат од училиштето „Коле Нехтенин“ од Штип, е што по завршувањето на овие струки учениците веднаш добиваат понуди за работа во сектори каде просечната плата е двојно повисока од текстилството.
Од оваа година стартуваат промени во средното стручно образование. Ќе има помалку теорија, повеќе пракса. Мотив повеќе треба да бидат и државните стипендии што според МОН ќе бидат 3500 за дуалните паралелки и 2200 денари за дефицитарните струки.
„24vesti“
На патниот правец Гостивар – Стража, на околу 500 метри пред планинскиот премин Стража, поради превртено товарно моторно возило сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента, соопшти АМСМ.
На останатите државни патишта сообраќајот се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот надвор од градските средини е зголемен. На граничниот премин „Табановце“ е зголемена фреквенцијата на возила и се чека околу 45 минути за влез и излез од државата. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
„Sitel“
Граѓаните кои имаат пасоши чија важност е истечена по 31 јули минатата година со нив ќе можат да патуваат до крајот на годината. Во средата Министерството за внатрешни работи информираше дека важноста на тие пасоши се продолжува до 31 декември годинава, но и се нагласи дека донесената одлука ќе почне да се применува од 1 јули годинава. Одлуката, која е објавена во Службен весник, покрај на приватните пасоши, се однесува и на службените и на дипломатските патни исправи.
Од Министерството образложија дека измената на Законот за патни исправи е направена со цел да им се излезе во пресрет на потребите на голем број наши граѓани кои поради пандемијата, рестриктивните мерки, карантинот и другите отежнати услови, во нашава земја, но и надвор од неа, во дијаспората, беа спречени навремено да ги продолжат своите документи.
Од МВР за МКД.мк брифираат дека поради пандемијата со коронавирусот многу наши државјани кои се наоѓаат низ светот биле оневозможени навремено да ги продолжат патните исправи, особено оние граѓани во држави или региони каде нема македонско дипломатско или конзуларно претставништво. Поради пандемијата, во многу делови од светот беа прогласени забрани за патувања, состојби на карантин или пак, имало граѓани кои поради болест или мерки на изолација во определени периоди не биле во можност да најдат начин како да ги продолжат своите патни исправи. Инаку, во вообичаени околности во македонските претставништва се добиваше патен лист доколку некој наш државјанин има проблем со патната исправа или пак му е украдена или загубена.

Граѓаните кои живеат во земјава, велат од МВР, имаа можност во изминатиот период од речиси една година, регуларно во пунктовите на министерството, кои работеа непрекинато, навремено да ја продолжат важноста на пасошите, како и на другите лични документи, но сепак донесената одлука се однесува на сите македонски државјани кои поседуваат пасош каде и да живеат.
Но, ВМРО-ДПМНЕ смета дека ваквата одлука е срамна и дека наши државјани можат да се соочат со непријатности низ светот.
„Никој не може да гарантира дека на кој било граничен премин официјално лице на државата во која што македонски граѓанин ќе се обиде да влезе со истечен пасош, дека нема да има основа тоа лице да биде вратено назад. Никој не може да гарантира и дека доколку влезе, во кој било хотел, лице со македонски пасош кој е истечен, може тој пасош да не му биде земен предвид. Или, истото да се случи во банка или која било институција, здравството, во странство каде треба да потврди идентитет“, изјави вчера портпаролот на партијата Наум Стоилковски додавајќи дека во Македонија при рутинска контрола на секој странец, кога ќе се утврди дека има истечен пасош се приведува во полициска станица заради разјаснување на случајот.
Прашавме во МВР дали на некој граничен премин низ светот може да се случи наши граѓани да имаат проблем со пасошот на кој е впишан веќе поминат датум на важење, односно – како ќе бидат информирани властите на сите земји дека важноста на патните исправи е до 31 декември.
Од МВР велат дека известувањето до сите држави го испраќа Министерстовото за надворешни работи, со допис до конкретните министерства на владите на државите и нивните амбасади, како и преку своите амбасади и дипломатски претставнишва низ светот. На тој начин веднаш се информираат граничните служби и полициски органи дека македонските пасоши се валидни и тогаш доколку на нив стои датум на важност по 31 јули 2020 година до денот на минување на границата, па сѐ до Нова година.
Станува збор за патна исправа и по испратените дописи до државите од светот, македонските граѓани, кои патуваат, нема да имаат проблеми, велат од МВР.
„MKD“
СДСМ: Ваучери за летување од 12.000 денари, за семејствата со ниски приходи
И оваа година граѓаните со ниски примања ќе добијат ваучер за летување кој за разлика од минатата година, оваа година изнесува 12.000 денари, а ќе можат да го користат семејства чии вкупни месечни примања не надминуваат 30.000 денари, изјави Марија Георгиевска, пратеничка на СДСМ.
Таа потсети дека јавниот повик беше објавен на 8 јуни со краен рок за аплицирање 30 јуни. За една недела од објавување на јавниот повик во архивата на Министерството за економија се пристигнати над 2.600 апликации по што повикот е затворен.
„За реализација на оваа мерка од државниот буџет предвидени се 15 милиони денари или 2,5 милиони евра за вкупно 1.250 ваучери. Ова се пари кои ќе завршат кај домашните хотелиери, со што ќе се помогне нивната работа во време на постковид пандемија, а истовремено ќе им се помогне и илјадници семејства со ниски примања“, рече Георгиевска.
„Lokalno“
Западен Балкан е преморен од историски недоразбирања затоа мора да се гледа напред и да се бараат решенија. Премиерот Заев по Самитот на Западен Балкан во Виена рече дека европската перспектива за Западниот Балкан мора да го победи евроскептицизмот. Се надева дека Македонија и Бугарија од проблемот ќе излезат како пријатели како што тоа се случи по надминувањето на спорот со Грција.
Западен Балкан има јасна европска перспектива и поддршка од лидерите на земјите од Унијата, вели Заев. Тој е нераскинлив дел од Европа и разговорите за Европа без Западен Балкан се бесмислени.
Српската премиерка Брнабиќ остра во изјавата по Самитот. Таа рече дека некои земји само декларативно се за проширување, а токму случајот со Македонија го потврдува тоа. Таа вели дека регионот е веќе фрустриран и изморен.
„Sitel“