Dubai News Portal
  • Почетна
  • Вести
    • Македонија
    • Свет
    • Блиски Исток и Регион
    • Локално
    • Од нашиов крај
  • Настрана….
    • Анализа
    • Настрана….
    • Издвоено
  • Наша Колумна
    • Колумна на Шериф Ајрадиноски
    • Колумна на др.Оливер Бојчески
    • Колумна на Д-р Мухамед Шемоски
  • ДТВ-DTV
  • Наше интервју
ДТВ-DTVОд нашата Редакција

МЕКА И МЕДИНА – ПАТУВАЊЕ КОЕ ГО ДОПИРА СРЦЕТО

01/11/2026 0 comments

Нетанјаху предупредува на втор холокауст доколку ги изгуби изборите

25/10/2026 0 comments

Продолжување на етничкото чистење – Хеброн под опсада, илјадници Палестинци присилно раселени

25/10/2026 0 comments

ВО ПЛАМЕНИТЕ НА ЦИОНИЗМОТ: Зошто гори Албанија?

24/10/2026 0 comments

Танкер што превезува дизел исплови од Русија кон САД – a ЕУ...

24/10/2026 0 comments
Издвоено

Нов закон – По смртта, вашето тело може да стане „ѓубриво“ за...

22/10/2026 0 comments

Еди Рама: Демонстрантите се непријатели на Албанија и Израел

20/10/2026 0 comments

Ердоган: „На воените злосторници местото им е во судница, а не на...

26/09/2026 0 comments

СТРАТЕШКА КАТАСТРОФА : Сите клучни показатели јасно укажуваат на истото: АМЕРИКА ЈА...

26/09/2026 0 comments

Балтичкиот гасовод откри брод стар 400 години

26/09/2026 0 comments
Home Македонија
Category:

Македонија

Македонија

Дали ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи Касами во Тетово? – Мицкоски: „Одлуките ќе бидат донесени во сабота“

by Administrator 20/10/2021
written by Administrator

Доколку Алијанса за Албанците и Алтернатива останат поделени во одлуката за поддршка на Биљал Касами за градоначалник на Тетово, како во тој случај ќе постапи ВМРО-ДПМНЕ, партија со која коалицијата АА-ААА имаат договор за соработка? Опозицискиот лидер, Христијан Мицкоски, не открива ништо однапред. Вели дека в сабота ќе одлучат во однос на давање поддршка на другите политички партии.

И Куманово во вториот круг ќе има двајца кандидати, Оливер Илиевски од СДСМ и Максим Димитриевски како независен кандидат. Со оглед на тоа дека кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Михајловски не помина во вториот круг, дали може да се очекува ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи Димитриевски, кој некогаш беше дел од СДСМ?

На прашањето дали очекува поддршка од коалиција АА-ААА во Кичево за кандидатот Александар Јовановски, Мицкоски одговори дека сѐ уште немаат разговарано за ова прашање. Инаку, Јовановски во вториот круг во Кичево ќе се соочи со Фатмир Дехари од ДУИ.

[embedyt] https://www.youtube.com/watch?v=e13136G_Ib0[/embedyt]


Tv „21“

20/10/2021 0 comments 49 views
0 FacebookTwitterPinterestEmail
Македонија

Таравари: „Ќе го поддржиме кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ во Кичево“

by Administrator 20/10/2021
written by Administrator

Наш политички противник е ДУИ, а секој кандидат кој не е од ДУИ треба да биде поддржан од албанската опозиција, рече генералниот секретар на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, во изјава за порталот „Tetova sot“.

Таравари најавува дека неговата партија најверојатно ќе го поддржи кандидатот за градоначалник на Кичево од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Јовановски.

„Мора најпрво да седнеме со нашиот коалициски партнер Алтернатива и верувам дека за два-три дена ќе ги имаме дефинирано партиските позиции кои ќе бидат официјализирани од органите на партиите. Наш политички протиник е ДУИ, па секој кандидат кој не е од ДУИ сметам дека треба да биде поддржан од албанската опозиција и тоа во сите општини без исклучок“, изјавил Таравари.

„Покрај нашиот дополнителен ангажман во наредните десетина дена, пристигна информација дека Алијансата за Албанците во вториот круг од локалните избори ќе го подржи нашиот кандидат Александар Јовановски. Покрај поддршката што ќе следи од оваа партија, нашите заложби во наредните денови ќе бидат насочени кон зголемување на излезноста на членови на партијата и граѓани на општина Кичево, што ќе придонесе нашиот кандидат со реални шанси за победа да влезе во вториот круг, истакна Лазе Јаќимоски“, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ за Кичево.


„Denesen – Tetova sot“
20/10/2021 0 comments 42 views
0 FacebookTwitterPinterestEmail
Македонија

Османи повика Албанците и сите други граѓани, да гласаат за Шилегов

by Administrator 20/10/2021
written by Administrator

Фокус на ДУИ во вториот круг од локалните избори во Скопје ќе биде Општина Чаир, каде што нивниот кандидат и актуелен градоначалник Висар Ганиу ќе се бори против кандидатот на Алијанса за Албанците и Алтернатива, Беким Сали, меѓутоа она што е важно за интегративците е да се поддржи Петре Шилегов во трката за втор мандат за градоначалник на Скопје, порача денеска портпаролот на ДУИ, Бујар Османи.

Според Османи, важно е да се обезбеди континуитетот на проектите за развој на Градот Скопје во целина што го наметна Шилегов, кој несомнено покажал дека еднакво се грижи за сите жители на главниот град. Затоа, од ДУИ упатија повик до сите Албанци, но и другите етнички заедници да гласаат за Шилегов.

„Во овие четири години видовме дека приоритет на градот може да бидат и регионите каде живеат Албанци, изминативе четири години видовме развој на досега неправедно запуштените реони на градот. На крајот на краиштата, во изминатите четири години видовме што значи да се гради мултикултурен град со почит и кон јазичното шаренило, кон образованието, но и воопшто како се гради доверба меѓу сите граѓани на Скопје. Албанците тоа го почитуваат и затоа вратија со доверба уште во првиот круг. Оваа доверба очекувам да се повтори и во вториот круг и затоа ги повикувам сите, без разлика на партиската припадност, за градоначалник на Скопје да му дадеме доверба на Петре Шилегов што ќе биде најголема гаранција за континуитет на проектите во средините каде живеат Албанците. Сметам дека тоа е важно и за сите граѓани на овој град, за Македонците, за Ромите, за Србите, за Турците, за Бошњаците итн. Скопје станува и побезбеден и постабилен и попрогресивен град и оттука едноставниот е правилно да го поддржиме Петре Шилегов“, порача Османи.


„Sitel“

20/10/2021 0 comments 44 views
0 FacebookTwitterPinterestEmail
Македонија

ДКСК ја отфрли претставката на ВМРО-ДПМНЕ за изборни нерегуларности

by Administrator 20/10/2021
written by Administrator

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) на денешната 53-та јавна седница ја отфрли претставката за изборни нерегуларности за Локалните избори 2021, поднесена од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова за Македонија“, заради одлуката на Владата донесена на 111-тата седница одржана на 13 октомври со која даде согласност за договор за доделување финансиска поддршка за 160 правни лица врз основа на Законот за изменување и дополнување на Законот за финансиска поддршка на инвестициите, донесен на два дена пред објавување на изборите.

Од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова за Македонија“ на 15 октомври до ДКСК поднеле приговор во кој се содржани наводи за прекршување на Законот за спречување на корупција и судир на интереси и од Изборниот законик во кои бараат да се преземат сите законски дејствија и да поведе постапка за одговорност пред надлежните органи заради тоа што по распишувањето на изборите на 6 август годинава на 111-тата седница на Владата одржана на 13 октомври годинава донесени се 160 одлуки за давање на согласност за договор за доделување финансиска поддршка за 160 правни лица врз основа на Законот за изменување и дополнување на Законот за финансиска поддршка на инвестициите кој официјално е донесен на 4 август годинава, односно два дена пред да биде донесено решението за распишување на локалните избори.

Во образложението за одлуката од ДКСК посочија дека од објаснувањето што навремено го добиле од Генералниот секретаријат на Владата се гледа дека не е извршена исплата, а во образложението од Секретаријатот за законодавство се вели дека не е надлежен да се произнесе за склучување договори и анекси на договори согласно Законот за финансиска поддршка на инвестициите, но се додава дека треба да се имаат во предвид законските ограничувања околу исплатата во време на избори. Согласно тоа, бидејќи нема исплата на средства и со тоа не се прекршува Законот ја отфрлиле претставката.

-Постапуваме исклучиво дали се извршени или не се извршени исплати на договорите, тоа е нашата надлежност во овој момент, со тоа што не се извршени исплати предлагам да се отфрли претставката. Дали ќе бидат и кога ќе бидат исплатени ќе следиме во наредниот период. Но, сепак согласно укажувањата предлагам да се направи анализа на сите исплати од страна на Комисијата за евалуација на Владата и како ДКСК да продолжиме со анализа и доколку е потребно да утврдиме предмет, рече членот на ДКСК Владимир Георгиев кој го работеше предметот.

Нагласи дека од Генералниот секретаријат на Владата во прилог до ДКСК бил доставен одговор од Кабинетот на вицепремиерот за економски прашања со табеларен приказ на сите што биле исплатени во 2020 година по Законот за финансиска поддршка на инвестиции во кој се вели дека не се работи за вонредни исплати, туку за исплати согласно законот за кој претходно се обезбедени и испланирани средства во Буџетот.

-Во прилогот се вели дека исплатата требало да биде еднократна, се врши до крајот на годинава и се однесува за инвестиции направени во 2020 година. Во еден дел се вели дека ќе се плаќа во две транши и оти ќе почне да се исплаќа и во 2022 година. Се посочува дека и самото потпишувањето на договор и анексот на договорот не значи исплата, туку таа се реализира само ако се исполнети условите, рече Георгиев.

Претседателката на ДКСК Билјана Ивановска порача дека сите вакви примери што влијаат врз избирачкото тело ќе бидат нотирани во последниот Извештај до Собранието.

-Не е прв случај да не се прекршува Изборниот законик, а да се врши суптилно влијание. За мене е проблематично што законот е донесен во многу скратена постапка. Истите пратеници кои го донесоа Законот за спречување корупција продолжуваат да носат закони по скратена постапка. Тајмингот на негово носење непосредно пред објавувањето на изборите претставува суптилно влијание врз потенцијалните гласачи, рече Ивановска.

Како ризичен фактор беше оценето решението во Законот за изменување и дополнување на Законот за финансиска поддршка на инвестициите за смалување на просторот на Агенцијата за странски инвестиции за евалуација на договорите за државна помош и нејзино сконцентрирање во Владата.

Nova Tv

20/10/2021 0 comments 40 views
0 FacebookTwitterPinterestEmail
Македонија

Тетовец си наполнил гориво во „БМВ“-то и избегал без да плати

by Administrator 20/10/2021
written by Administrator

Секторот за внатрешни работи Тетово информира дека во текот на вчерашниот ден било пријавено дека во полошкиот регион, лице со автомобил со тетовски регистарски таблички, избегало од бензинската пумпа без да плати за горивото кое претходно го наточил.

„Вчера во 07:15 часот, 29-годишниот Ц.Р. од Гостивар до СПБ Тетово пријавил дека лице со автомобил „БМВ“ со тетовски регистарски ознаки околу 02:30 часот, на кое му било ставено гориво на бензинската пумпа каде што бил вработен, не ја платил сметката и веднаш го напуштил местото“, се наведува во извештајот од МВР.


„Alsat-m“
20/10/2021 0 comments 74 views
0 FacebookTwitterPinterestEmail
Македонија

Храната ќе поскапува: Кои производи ќе бидат први на удар?

by Administrator 20/10/2021
written by Administrator

Храната и натаму ќе поскапува. Лебот, брашното, маслото за јадење, кондиторските производи ќе бидат први на удар. Растот на цената на електричната енергија и на горивата, ќе ја подгреат инфлацијата. Државата мора да најде начин да интервенира и да го заштити и онака кревкиот стандард на граѓаните, бараат синдикатите.
Од Синдикатот велат – ако сега потрошувачката кошница за едно 4 члено семејство тешко дека се задоволува, со зголемување на цената на основните производи, стандардот уште повеќе ќе им се намали. Барат зголемување на платите на сите работници, иако сметаат дека покачување на цените, на производите, до сега не е оправдано.

Состојбата се следи, но за сега не смееме да интервенираме, затоа што сме во избори, велат од Владата. Додаваат дека за сега се е под контрола и нема потреба од загриженoст.

„Додека трае изборниот период владата не може да носи мерки со кои е предвидено финансиски зафаќања од буџетот и таквите мерки, доколку се усвојат, ќе бидат донесени после изборите. Внимателно ја следиме состојбата и во регионот и Европа и ги уверуваме граѓаните дека нема потреба за загриженост.“ – велат од Владата.

Инфалцијата ќе расте, но ќе биде умерена, смируваат од Народната банка. За колку очекуваат да се зголеми, ќе соопштат почетокот на наредниот месец.

„Со априлскиот циклус на проекции проектиравме стапка на инфлација од 2,2 проценти, но судејќи ги најновите остварувања кај инфлацијата, како и проекциите, особено за движењето на цените на храната и енергијата, најверојатно ќе направиме умерена нагорна ревизија на инфлацијата. Тоа ќе биде направено со новиот цикулс на макроекономски проекции кој е во фаза на финализација“ – изјави Ангеловска-Бежоска.

Пред еден месец Стопанската Комора алармираше на бран поскапувања до Нова година. Од Владата тогаш изјавија, дека, ако биде потребно – ќе ги замрзнат цените на основните прехранбени производи.


„Puls24“

20/10/2021 0 comments 43 views
0 FacebookTwitterPinterestEmail
Македонија

БЕСА и ДПА остануваат во владината коалиција

by Administrator 20/10/2021
written by Administrator

И помалите партии од албанскиот блок велат дека остануваат во владината коалиција предводена од СДСМ.

Движењето БЕСА соопшти дека владината коалиција е стабилна без разлика на тоа што во неколку места во вториот круг треба да се натпреварува меѓу себе.

–Владиното мнозинство е стабилно и работи исклучиво во интерес на граѓаните. Напредокот на земјата е нашата највисока заедничка цел. Движењето БЕСА е дел од стабилното владино мнозинство.  Македонија продолжува напред со стабилна Влада по демократскиот и европскиот пат, велат од БЕСА.

Поддршка на коалицијата даде и ДПА.

–Членството на земјата во НАТО е главниот успех на оваа Влада. Забрзувањето на процесот на интеграција е врвен приоритет и ние целосно веруваме дека ова е владата што ќе може да го финализира процесот за добивање датум за почеток на преговори за полноправно членство. Демократската партија на Албанците продолжува да биде дел од оваа Влада, давајќи го својот скромен придонес за благосостојбата на граѓаните, реформскиот процес и процесот на интеграција на земјата во Европската Унија, велат од ДПА.


„Libertas“

20/10/2021 0 comments 48 views
0 FacebookTwitterPinterestEmail
Македонија

Ем без пари, ем без греење – Пензионери од Кичево уплатиле за дрва што се уште не ги добиле

by Administrator 20/10/2021
written by Administrator

Дел од кичевските пензионери кои пролетта се пријавија за огревно дабово дрво на осум еднакви рати, побараа поврат на парите што ги уплатиле зашто се уште не е извршена испораката. Од Здружението на пензионери во Кичево се немоќни да интервенираат бидејќи испораката не зависи од нив туку од Подружницата на Шумското стопанство „Лопушник”-Кичево.

-И покрај сите договори и преговори, дабовото огревно дрво да им се испорача на нашите пензионери во што побрз рок, подружницата на „Лопушник” не е во можност и во првата декада на октомври  да ги испорача целокупните количества, и денес останаа неиспорачани над 300 кубици огревно дабово дрво, кое никој не може со сигурност да потврди кога ќе биде испорачано, истакнуваат од кичевското Здружение на пензионери.

Револтирани од се уште неизвршената испорака, дел од пензионерите дополнително запишаа испорака на буково дрво, а дел од нив побараа поврат на парите кои ги уплатиле за дабово дрво.

-Немајќи друг излез, дел од нашите пензионери наместо дабово огревно дрво  дополнително запишаа буково дрво, кое можеше да се испорача во оптималниот рок, а дел од нив кои настојуваат да добијат огревно дабово дрво, поради се уште неизвршената испорака, одлучија да си ги повратат средствата што ги уплатиле. Овие денови нашето седиште го посетија повеќе пензионери на кои им беа вратени парите кои ги уплатиле во изминатите осум месеци за огревно дабово дрво, додаваат од Здружението.


„MMS“

20/10/2021 0 comments 55 views
0 FacebookTwitterPinterestEmail
Македонија

Поднесени 13 приговори до ДИК за гласањето и за сумирањето на резултатите од изборите

by Administrator 20/10/2021
written by Administrator

До Државната изборна комисија (ДИК) досега се поднесени вкупно 13 приговори за постапката за гласање и за постапката за сумирање и утврдување на резултатите за локалните избори што се одржаа во неделата.

До Комисијата четири приговори поднела Коалицијата предводена од СДСМ. Едниот се однесува на избирачко место бр. 2121 во општина Јегуновце, а вториот на избирачко место бр. 2118 во општина Јегуновце. Останатите приговири се за избирачкото место бр. 2587/1 во општина Ѓорче Петров и за избирачко место бр. 618 во општина Македонска Каменица.

Од Алијанса за Албанците и Алтернатива има шест приговари, за избирачкото место 0543 во општина Дебар и за избирачко место 2957/1 во општина Шуто Оризари. Два приговори се за општина Гостивар, за избирачките места 2975 и 406/1. Еден приговор се однесува на сумирање на резултатите за градоначалник на општина Гостивар и еден кој се однесува на сумирање на резултатите за членови на Совет на општина Гостивар.

Од Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ поднесени се три приговори, за избирачкото место бр. 2844 во општина Центар, за избирачко место бр. 1470 во општина Долнени и за избирачко место бр. 2447 во општина Сарај.

Два приговора се поднесени од Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, а се однесуваат на прекршување на изборниот молк.

Државната изборна комисија дополнително ќе закаже седница за разгледување и одлучување по приговорите.

Според роковникот за изборни дејства, ДИК е должна во рок од 72 часа по приемот на приговорот да донесе одлука. Против одлуката на ДИК, подносителот на приговорот може да поднесе тужба до Управниот суд во рок од 24 часа од приемот на решението.


„Sloboden pecat“

20/10/2021 0 comments 51 views
0 FacebookTwitterPinterestEmail
Македонија

23 октомври неработен ден за сите граѓани

by Administrator 20/10/2021
written by Administrator
Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ  („Службен весник  на  РМ„ бр.21/98 и 18/07),  23 октомври 2021година (сабота), Ден на Македонската револуционерна борба, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.
Министерството за труд и социјална политика на граѓаните на Република Македонија им го честита Денот на Македонската револуционерна борба.
20/10/2021 0 comments 59 views
0 FacebookTwitterPinterestEmail
Newer Posts
Older Posts

Од нашава Редакција

МЕКА И МЕДИНА – ПАТУВАЊЕ КОЕ ГО ДОПИРА...

01/11/2026

(Видео) “Од културното и историското наследство на Османлиите“...

20/07/2022

Логор Љубељ – “Обвинувам-J’ ACCUSE“

20/06/2021

Од традицијата и историјата на чевларството и кожарството...

20/06/2021

Од историјата на Словенското скијање

20/06/2021

Преведи:

Од нашата редакција

  • 1

    (Видео) “Од културното и историското наследство на Османлиите“ Нов документарен серијал на ДТВ

    20/07/2022
  • 2

    Од учеството на ДТВ на свечениот прием по повод 21.декември денот на турската настава во Македонија

    23/12/2018
  • 3

    Од животот на нашиот печалбар: – Rorschach центарот на Октишката дијаспора во Швајцарија

    15/09/2019
  • 4

    (Видео) Од учеството на РУМЕЛИЈА ТКНЦ и Фуат Исакоски на манифестацијата “ Македонија наш дом“

    23/12/2014
  • 5

    Логор Љубељ – “Обвинувам-J’ ACCUSE“

    20/06/2021

Наше Интервју

  • Интервју со Адем Ајдароски “За и околу Подгорци, и како до подобра инфраструкатура“

    12/08/2026
  • Алеиви за Дубаи-Портал: АК Партијата е победник на локалните избори во Турција, со освоени најмногу градови и општини

    03/04/2019
  • (Фото/Видео) НАШЕ ИНТЕРВЈУ: На 10 минути со Массаро и големиот Кичевски “ФЕНЕРБАХЧЕ“

    03/11/2018
  • (Фото/Видео) Наше интервју со Ümit Karan поранешен Турски репрезентативец, фудбалер на Галатасарај и сегашен тренер на Шкупи

    11/10/2018
  • ИНТЕРВЈУ СО АЛАДИН ИМАМОВИЌ – ХОР “ЃУЛИСТАН“ НОВИ ПАЗАР

    19/06/2018

Наша Колумна

  • Политиката помеѓу нормативен идеал и реална закана

    30/09/2025
  • Д-р Шемоски: Геноцид во Сребреница, негирање е соучесништво

    11/07/2023
  • Уште еден голем успех на наши научници во странство

    25/05/2023
  • Д-р Шемоски: Кичево го потполни рамазанскиот сјај

    26/03/2023
  • Колумна на др. Оливер Бојчески “ УТРЕ“

    19/02/2023

ЕМИРАТИ

  • 1

    Претседателите на ОАЕ и Турција разговараа телефонски за билатералните односи и регионалните случувања

    05/09/2026
  • 2

    Пет конвои на ОАЕ со 533 тони хуманитарна помош влегоа во Појасот Газа во рамките на операцијата „Витешки витез 3“

    06/09/2026
  • 3

    Лидерите на ОАЕ му ја честитаа победата на претседателот Ердоган

    28/05/2023
  • 4

    ( ДУБАИ )ВАКВО НЕШТО СВЕТОТ НЕ ПАМЕТИ:: Тешко архитектонско чудо од пет милијарди долари ќе започне лавина!

    24/05/2023
  • 5

    ОАЕ продолжуваат да обезбедуваат хуманитарна помош за суданските бегалци и локалната заедница во Чад

    06/09/2023
  • Facebook
  • Twitter

@2026 - All Right Reserved. Designed and Developed by Dubai Portal


Back To Top
Dubai News Portal
  • Почетна
  • Вести
    • Македонија
    • Свет
    • Блиски Исток и Регион
    • Локално
    • Од нашиов крај
  • Настрана….
    • Анализа
    • Настрана….
    • Издвоено
  • Наша Колумна
    • Колумна на Шериф Ајрадиноски
    • Колумна на др.Оливер Бојчески
    • Колумна на Д-р Мухамед Шемоски
  • ДТВ-DTV
  • Наше интервју