Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска на прес конференција посочи дека ваквите тешки времиња за народот и за државата се значаен предизвик во кои свесно и сосема со искрена намера влегува ВМРО-ДПМНЕ.
„Храбро и како што очекува историјата од нас се ставаме на страната на народот и во клинч со бремето и предизвиците кои следуваат, затоа по изборите во име на сите очекувања на народот и секоја рака која ја стиснав на овие избори, секоја порака на надеж и судбина која ја запознав, јас заедно со тој кредибилитет што ми го даде народот, кој нема да го разочарам никогаш, тргнав кон создавање на ново парламентарно мнозинство како единствен излез за пад на оваа влада“, вели Мицкоски.
Тој вели дека новото мнпзинство подразбира заеднички блок составен од коалицијата За обнова на Македонија, која ја предводи ВМРО-ДПМНЕ, Коалицијата Алијанса на Албанците и Алтернатива, партијата Левица и Движењето Беса.
Мицкоски додава дека оваа коалиција е против криминалот и корупцијата на власта.
Tv „21“

